gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Покана за учество на "Green Ventures 2017"

Почитувани членови,

Во насока на Ваша информираност за меѓународни саемски манифестации, Сојуз на стопански комори на Македонијаа во соработка со Амбасадата на Република Македонија во Берлин, Ве поканува да учествувате на "Green Ventures 2017".

Имено, меѓународниот партнерски форум за технологии во животната средина и енергија "Green Ventures 2017" ќе се одржи од 05-07 април 2017 година, во Лајпциг, Германија.

Ве известуваме дека оваа година на меѓународниот форум партнерска земја е Јапонија и предвидено е одржување на Terratec – Саем за управување со отпад каде покрај можностa за изложување ќе бидат претставени и најнови технологии за депонирање, користење, ресурсна ефикасност, одржливост итн. Исто така предвидено е одржување и на конференција за енергетско управување, услуги во енергијата и мрежни системи – New energy world.  

За сите странски компании/институции котизацијата за учество изнесува 50 евра и истата вклучува учество на саемот, конференциите, превод, организирање на билатерални средби, ручек и пијалок за време на саемот.

Сите дополнителни информации за саемот може да погледнете на веб страната: www.green-ventures.com.

 

Доколку сте заинтересирани да учествувате Ве молиме пријавете го Вашиот интерес на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или телефон: 02 30 91 440.

Прочитано 523 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Мит.Теодосиј Гологанов 1

Следете не