gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Интернационалниот саем за туризам ‘’International travel fair Prishtina’’

Почитувани,

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија Ве известува дека ќе учествува на Интернационалниот саем за туризам ‘’International travel fair Prishtina’’, Kosovo во период од  20-21 април 2017 год.

Според Упатството на АППТ на РМ за начинот и постапката за учество на интернационални саемски манифестации за туризам, право за учество имаат:

-          Хотели,

-          Туристичка агенција со лиценца А

-          Ресторани,

-          Општини,

-          Национални паркови,

-          Здруженија, асоцијации и комори од областа на туризмот,

-          Компании/институции на покана на АППТ.

Учеството е на следниот начин:

Учесниците правото на учество на интернационалниот саем го стекнуваат за закуп на едно работно место (пулт) и една маса за преговори со две столчиња, а тоа предвидува:

-          Монтажа и демонтажа на опрема на штандот

-          Осветлување и оддржување на хигиената на штандот

-          Обезбедување на една влезница на саемот за сите денови

-          Вклучување во официјалниот каталог, користење на остава и гардероба,

-          Натпис и лого на Учесникот на работно место (пулт) со кој е склучен Договорот

  • Износот на котизацијата за учество е во висина од 6.000,00 денари без ДДВ

Потребни документи за учество се следните:

-          Пополнет Формулар со печат и потпис ( во прилог на овој емаил)

-          Тековна состојба од Централен регистар

-          Лиценца А за туристички агенции

 Напомена 1: Учеството на саемскате манифестација треба да го потврдите во писмена форма со доставување на следните документи:

-          Формулар за учество потпишан и со печат

-          Доставување на лиценца А за туристичките агенции

-          Доставување на тековна состојба од централен регистар

Бројот на пултови е ограничен и ќе се оди по принципот кој прв се пријавил!

Рок за пријавување до 10ти март 2017 на емаил Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Прочитано 237 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Мит.Теодосиј Гологанов 1

Следете не