gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Обуки за „Најновите законски измени во Република Македонија“ во Мај 2017 година

Сојуз на стопански комори на Македонија како најголема македонска деловна мрежа која ги застапува бизнис интересите на македонските компании спроведува активности за едукација на компаниите за промената на законската регулатива во Република Македонија како и за учество во идни измени и дополнувања. Во оваа насока, како и врз основа на потребата бизнис секторот активно и континуирано да биде запознаен со сите измени и дополнувања на законските и подзаконските решенија во Република Македонија, Ве известуваме дека во 2017 година континуирано ќе организираме информативни настани за измени на законски и подзаконски акти од надлежноста на повеќе институции. 

Информативните настани ги спроведуваме преку интерактивна дискусија, во рамки на која претставници од институции ќе ги образложат досегашните законски измени на различни теми и учесниците ќе имаат можност да дискутираат, поставуваат прашања и истакнуваат свои предлози.
 
Врз основа на наведеното, Ве покануваме да учествувате на следните настани во месец мај 2017 година:
 

                                                                                                                  ОБУКИ МАЈ 2017 ГОДИНА

Бр.

Тема

Датум

Место

Час

Институција

 

1.

 

Последни законски измени на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување

 

18.05.2017 - четврток

 

ССК

 

10:00-13:00

 

Управа за јавни приходи

 

2.

 

Последни законски измени на Законот за финансиска дисциплина

 

19.05.2017 - петок

 

ССК

 

10:00-13:00

 

Управа за јавни приходи

 

3.

 

Регистрациони агенти - овластувања и улога во едношалтерскиот систем во Трговскиот регистар

 

23.05.2017 - вторник

 

ССК

 

10:00-13:00

 

Централен Регистар на РМ

 

4.

 

Регистрација, бришење, промена и давање на информација од Заложниот регистар, Регистар на лизин, Регистар на директни инвестиции и Регистар на права врз недвижности 

 

29.05.2017 - понеделник

 

ССК

 

10:00-13:00

 

Централен Регистар на РМ

 

5.

 

Надлежности на Совет за јавни набавки согласно најновите законски измени на Законот за јавни набавки

 

30.05.2017 - вторник

 

ССК

 

10:00-13:00

 

Биро за јавни набавки

Компаниите кои се заинтересирани да учествуваат на обуките, потребно е задолжително да го пријават своето присуство најдоцна три дена пред одржување на обуката која сакаат да ја посетат. Регистрацијата на учесникот, со назив на компанија и контакт податоци на учесникот, потребно е да ја направат на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на телефон: 02 30 91 440, контакт лице: Маја Савеска.

Прочитано 171 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Мит.Теодосиј Гологанов 1

Следете не