gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Покана за учество на Adventure Travel Conference & Marketplace, Лондон

Почитувани членови,

Би сакале да Ве информираме дека Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија во 2017та година учествуваше на Конференција за активен туризам во Лондон, Англија (Adventure Travel Conference & Marketplace, 18th &19th January) каде беа остварени бројни контакти со тур-оператори кои нудат услуги во оваа област.

Во Јануари 2018та година, АТС повторно ја организира конференцијата во Лондон, Англија во времетраење од два дена од 18ти до 19 јануари 2018 година, и во оваа насока, а согласно истакнатиот интерес ид страна на британските тур оператори минатата година Ве покануваме да учествувате.

Оваа конференција е бизнис ориентирана и нуди можност за остварување на средби и вмрежување со сопственици и извршни директори на англиски тур-оператори преку 15 минутни средби лице в лице. Учеството на истата изнесува 1050 англиски фунти кои вклучуваат присуство на двајца претставници на сите настани организирани во тој период. Можноста за регистрација на конференцијата е активна на следниот линк:

http://adventuretravelconference.co.uk/marketplace-registration-forms/marketplace-form/

Во прилог Ви доставуваме повеќе детали за конференцијата и апликација за учество.

Доколку сте заинтересирани да учествувате Ве молиме да го пријавите Вашиот интерес на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или телефон: 02 30 91 440.

Прочитано 337 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не