gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Покана за учество на 25. Меѓународен Саем на производители на храна и хотелска опрема, Анталија (17-20 Јануари 2018 год.)

Сојуз на стопански комори на Македонија во соработка со Министерството за надворешни работи на РМ Ве поканува да учествувате на 25-от Меѓународен Саем за храна и опрема за хотелиерство кој ќе се одржи од 17-20 јануари 2018 година во Анталија, Турција.

Саемот ќе се одржи на вкупна изложбена површина од 60.000м2 и најавено е присуство на повеќе од 130 производители од повеќе од 20 држави, а ќе бидат одржани и 17 форуми и панели со повеќе од 1.200 учесници. Цел на оваа меѓународна саемска манифестација е креирање на бизнис партнерства и остварување на директни средби помеѓу производителите, како и пласирање на нови производи.

Врз основа на наведеното, Ве известуваме дека за македонските компании кои се заинтересирани да учествуваат на саемот организаторот ќе покрие трошоци за учество и тоа авионски превоз, како и хотелско сместување и транспорт од страна на ANFAS. 

Во оваа насока, доколку сте заинтересирани да учествувате на саемот, Ве молиме Вашиот интерес да го пријавите на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 01.12.2017 година со наведување на следните податоци: назив на компанија, име и презиме на претставникот, делокруг на работење, телефонски број и е-маил адреса. Бројот на учесници за кои се покриваат трошоците е ограничен и пријавувањето е врз основа на принципот “прв пријавен-прв услужен”.

За сите дополнителни информации Ве молиме контактирајте не на телефон: 02 3091 440.

Прочитано 228 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не