gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Инфо-сесија на тема: Права и обврски кои произлегуваат од законот за работни односи

ПОКАНА

инфо-сесија на тема:

права и обврски кои произлегуваат од законот за работни односи 

25 јануари 2018 година (четврток)

Хотел „Континентал“ -  Скопје

10:00-14:00 часот

 

 

Почитувани,

Во насока на подобрување  и полесно имплементирање на законите во Република Македонија преку ПРОЕКТОТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“, ќе се организира информативен настан на тема: „Приоритетни прашања и проблеми за промена на Законот за работни односи“ и Подготовка на предлог Закон за Практикантство – дискусија на тема практиканство: потреби, искуства и предлози.

Информативниот настан ќе биде спроведен од страна Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), Сојузот на стопански комори на Македонија и ЕПИ Центар Интернационал, партнери во Проектот на УСАИД: „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“.

Целта на овој информативен настан е да се посочат одредби кои во пракса се покажуваат проблематични за примена, кои различно се интерпретираат и кои не кореспондираат со современите потреби на работниот процес. Да се иницираат конкретни решенија за Законски промени имајќи ја во предвид релацијата на Законот за работни односи со други прописи. Наменето е за сите микро, мали и средни претпријатија кои се соочуваат со тешкотии во имплементирањето на самите закони и информирање на претпријатијата во Република Македонија за полесно спроведување на законите и паралелно јакнење на јавно-приватниот дијалог.

Информативниот настан на тема: „Приоритетни прашања и проблеми за промена на Законот за работни односи“ и Подготовка на предлог Закон за Практикантство – дискусија на тема практикантство: потреби, искуства и предлози ќе се одржи на 25 јануари 2018 година (четврток), со почеток  во 10:00 часот, во хотелот „Континентал“ - Скопје. 

Предавач на информативниот настан на тема  „Приоритетни прашања и проблеми за промена на Законот за работни односи“ е Јован Најденовски, кој почетоците на  своето професионално искуство ги започнува во Општински суд Скопје 1, а од 1989 година се вработува во Јавно Правобранителство на Македонија како стручен соработник. Од  1994 година до денес работи како адвокат во адвокатска канцеларија Најденовски.

Предавач на втората тема  Подготовка на предлог Закон за Практикантство – дискусија на тема практиканство: потреби, искуства и предлози е Бети Деловска која е дипломиран економист и менаџмент консултант која своето искуство го стекнува преку работа во јавни институции: Министерство за развој, Агенција за приватизација на РМ, Агенција за развој на преприемништвото во РМ. Од 2013 година е ко-сопственик и менаџер на консултантската фирма БАСМЕ Консалтинг и Тренинг и работи како експерт на проекти поврзани со реформи на јавната администрација, креирање политики, развој на ММСП,и др.

Ве молиме, Вашето присуство да го потврдите најдоцна до 23ти Јануари 2018 година (вторник), на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или  на тел: 075 254 087 – лице за контакт Љупка Димоска

Прочитано 800 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не