gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Организирана посета на најголемиот саем за земјоделска механизација,опрема и материјали АГРОТИКА 2018 (1-4 февруари, Солун)

Почитувани,

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) во соработка со Канцеларијата за економски врска на Република Грција во Република Македонија и ХЕЛЕКСПО, специјално за компаниите членови на Агро-бизнис комората, нуди можност за организирана посета на најголемиот и најпосетениот земјоделски саем на Балканот и југоисточниот Медитеран - АГРОТИКА кој започнува на 1 и ќе трае до 4 февруари 2018 година, во Mеѓународниот саемски центар во Солун, ХЕЛЕКСПО.

АГРОТИКА 2018, се очекува уште еднаш да го урне рекордот за учество на изложувачи и посетители.  Саемот традиционално се организира од 1985г., од страна на ХЕЛЕКСПО и го посетуваат повеќе од 120.000 посетители со директен интерес од домашниот пазар и 30 други земји. Изложбениот простор е на 34.500 m2  или поточно 17 хали ќе бидат исполнети со механизација, опрема и материјали.

27. АГРОТИКА ќе биде центарот за најновите светски трендови во земјоделскиот сектор кој ќе помогне за ,,отворање,, на нови пазари и остварување бизнис партнерства. Учесниците ќе презентираат подобрени и иновативни експонати и услуги, со што годинешното издание на  АГРОТИКА ќе Ве воведе во светот на иновациите. Најзначајното место за средба на земјоделскиот свет во југоисточна Европа, 27. саем АГРОТИКА, не само што ќе собере илјадници изложувачи и посетители, туку предвидува и  паралелни манифестации кои ја стандардизираат иднината на земјоделството.

Важно: Согласно Вашиот интерес за учество, ќе биде организирана посета на саемската манифестација со покриени трошоци за патување и ноќевање.

Со цел навремена организација доколку имате интерес, Ве замолуваме да го пополните формуларот посебно за секој посетител и да ни го пратите на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 23 јануари (вторник) 2018 година.

Дополнително испратете ни информација на е-маил, колку дена би сакале да присуствувате на саемот и дали ќе го користите организираниот превоз. Согласно бројот на пријавени од страна на организаторите на Саемот ќе добиете повратна информација во врска со Вашата пријава и информација за покривање на трошоците за сместување и превоз.

Во прилог:

За сите дополнителни прашања, може да не контактирате на тел: 075 254 082, контакт лице: Марија Мустрик.

Прочитано 821 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не