gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Покана за учество на обука: Законот за безбедност и здравје при работа - текстил

ПОКАНА

За учество на дводневни обуки за стручно усовршување за правни субјекти кои имаат овластување за вршење на стручни работи за безбедност при работа,

 согласно Законот за безбедност и здравје при работа

 

Во рамки на проектот финансиран од страна на  УСАИД - „Партнерство за подобра бизнис регулатива”, имплементиран од страна на Друштвото за услуги и трговија ЕПИ ЦЕНТАР ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ Скопје во партнерство со Стопанската  Комора на Македонија, Стопанската Комора на северозападна Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и Сојузот на Стопански Комори на Македонија, се спроведуваат две дводневни обуки наменети за правни субјекти кои имаат овластување за вршење на стручни работи за безбедност при работа, согласно Законот за безбедност и здравје при работа.

Обуките ќе се спроведуваат од областа на секторите текстил на 27.02.2018 - 28.02.2018 и градежништво 13.03.2018 – 14.03.2018.

Правните субјекти кои на обуките ќе учествуваат со минимум две вработени стручни лица ќе може да аплицираат во натамошната фаза од имплементирање на активноста - Ваучер шема како дел од Проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива, односно ќе бидат потенцијални даватели на услуги за корисници на Ваучер шемата.

Имено:

  • Оние правни субјекти кои ќе земат учество на обуката од областа на текстил, ќе станат потенцијални даватели на услуги на корисници на Ваучер шемата на правни субјекти од текстилната индустрија;
  • Оние правни субјекти кои ќе земат учество на обуката од областа на градежништво, ќе станат потенцијални даватели на услуги на корисници на Ваучер шемата на правни субјекти од градежната индустрија.

 

Заинтересираните правни субјекти истовремено имаат право да бидат учесници на двете дводневни обуки наменети за правни субјекти кои имаат овластување за вршење на стручни работи за безбедност при работа, согласно Законот за безбедност и здравје при работа, а со тоа истовремено да станат потенцијални даватели на услуги на корисници на Ваучер шемата  и од областа на текстил и на градежништво.

Корисници на Ваучер шемата ќе бидат правни субјекти од областа на текстил и градежништво, кои ќе бидат избрани преку јавен повик и ќе ги користат услугите за  стручни работи за безбедност при работа.

 

Првата дводневна обука наменета за правни субјекти кои имаат овластување за вршење на стручни работи за безбедност при работа, согласно Законот за безбедност и здравје при работа, ќе се спроведе од областа на текстил на 27.02.2018 - 28.02.2018 од страна на Здружението за безбедност при работа „28-ми  АПРИЛ".  

Во продолжение се деталите за настанот:

Здружение за безбедност при работа "28-ми АПРИЛ"

Work safety association "28th  APRIL"

Обука за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа

 

Здружението за безбедност при работа "28-ми АПРИЛ", следејќи ги своите  цврсти убедувања дека континуираната и постојаната едукација на стручните лица за  безбедност при работа е еден од основните  предуслови  за  безбедност  во  работењето,  организира обука за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа.  Тргнувајќи од претходното, оваа обука е конципирана со јасен прагматичен карактер,  што значи основна цел не се напорни и исцрпувачки  дискусии, туку заедничка анализа  и  решавање  на  конкретни  практични  проблеми, користејќи  ги  досегашните  наши  знаења  и  искуства  од  оваа  област. 

Здружението,  врз основа на потребите  и  барањата  на членките кои се занимаваат со дејност во текстилната индустрија, се одлучи за следната тема: Работа во текстилна индустрија, Опасности и штетности, Постоечка законска регулатива, Компарација со легислативата во регионот, Лекарски прегледи, Лични и општи заштитни средства. Се надеваме дека предвидената тема ќе го побуди Вашиот интерес и дека сите заедно низ интерактивна работа ќе придонесеме за успешна обука.

Сите учесници ќе добијат Потврда за учество на обука согласно Правилникот  за  начинот на бодувањето на активното и пасивното учество во обуките за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа и формата и образецот на потврдата за стекнатите бодови за учество на обуката за стручно  усовршување  (Сл.  Весник  на  Р.М.:  бр. 41 од  27.02.2014  год.), согласно   Решение   на   Министерство   за   труд   и   социјална   политика под бр. 08-8897/2 за одобрение за спроведување на обуки за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа издадено на Здружението за безбедност при работа „28-ми АПРИЛ“,т.е. 20 бода за оваа дводневна обука.

 

Тема:  Работа во текстилна индустрија, Опасности и штетности, Постоечка законска регулатива, Компарација со легислативата во регионот, Лекарски прегледи, Лични и општи заштитни средства

Презентери

1. Борче Стојчевски  - стручно лице за Безбедност при работа

2. М-р. Марија Вулгаракис - стручно лице за Безбедност при работа

3. Гоце Младеновски - стручно лице за Безбедност при работа

Останати учесници

Претставници од Министерство за труд и социјална политика

Претставници од Државен инспекторат за труд

Стручни лица за Безбедност при работа

Локација

 

Хотел "Гранит" - Скопје сала за семинари

Датум

 

27.02.2018 - 28.02.2018  (вторник, среда)

Цена

 

2000,00 ден. + ДДВ 18 %

Жиро сметка: „ЗБР 28 Април"

30 000 000 3432381  Комерцијална банка АД Скопје

 

Сите заинтересирани за учество на обуката можат да се пријават најдоцна до:  23.02.2018 год. до 15.00 часот

Пополнетата Пријава за учество испратете ја на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Контакт тел.  077 531 062   Богоевска Симона  и  078 756 552   Андова Теодора 

РАБОТНА ПРОГРАМА

 

27.02.2018 (Вторник)

09.15 – 10.00     

Регистрација на учесниците

10.00 – 11.00     

Утврдување на целите на обуката, отворање

 

10.15 – 11.45 

Постоечка законска регулатива, Компарација со легислативата во регионот, Панел дискусија

 

11.45 – 12.00     

Кафе пауза

12.00 – 13.00     

Практична примена на Законот за безбедност и здравје при работа

 

13.00 – 13.45     

Модули за препознавање на опасности и штетности во текстилната индустрија

 

13.45 – 15.15     

Ручек пауза

15.15 – 16.00     

Лична заштитна опрема во текстилна индустрија

 

 

28.03.2018 (Среда)

10.00 – 10.15     

Подготовка за вежби

10.15 – 11.45     

Спроведување на вежба 1 низ конкретни примери;

Подготовка на програми за обука на вработени за БЗР за конкретен пример

 

11.45 – 12.15     

Кафе пауза

12.15 – 13.30     

Спроведување на вежба 2 низ конкретни примери;

Препознавање на опасности и штетности според доделен пример

 

13.00 – 13.45

Презентација на резултатите

 

13.45 – 15.15     

Ручек пауза

15.15 – 16.00     

Евалуација и Доделување на потврди за учество

 

 

Прочитано 715 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не