gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Интернациониот саем за туризам „MTF Mediterranean Tourism Fair“ Тирана, Албанија

ПОКАНА
За Ваше учество на
Интернациониот саем за туризам
MTF Mediterranean Tourism Fair“ Тирана, Албанија
Датум:  06-07 Април 2018 год.

 

Почитувани,
 

Сојуз на стопански комори на Македонија во соработка со Агенција за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија Ве информира за можноста за учество на Интернационалниот саем за туризам: „MTF Mediterranean Tourism Fair“ Тирана, Албанија во период од 06-07 април 2018 година.
 
Според Упатството на АППТ на РМ за начинот и постапката за учество на интернационали саемски манифестации за туризам, право за учество имаат

  • Хотели,
  • Туристичка агенција со лиценца А
  • Ресторани
  • Општини
  • Национални паркови
  • Здруженија, асоцијации и комори од областа на туризмот,
  • Компании/институции на покана на АППТ.

 
Учесниците правото на учество на интернационалниот саем го стекнуваат за закуп на едно работно место (пулт) и една маса за преговори со две столчиња, а тоа предвидува:

  • Монтажа и демонтажа на опрема на штандот
  • Осветлување и оддржување на хигиената на штандот
  • Обезбедување на една влезница на саемот за сите денови
  • Вклучување во официјалниот каталог, користење на остава и гардероба,
  • Натпис и лого на Учесникот на работно место (пулт) со кој е склучен Договорот

Рок за пријавување:

  • Рокот за пријавување на горенаведената саемска манифестација е 16. Фебруари 2018 год.
  • Котизација за саемот во Тирана изнесува 6.000,00 денари.

Доколку сте заинтересирани да учествувате на саемскате манифестација, од Ваша страна е потребно да го потврдите Вашето учество со доставување на следните документи:

  • Пополнување на Формуларот со печат и потпис
  • Доставување на лиценца А (за туристички агенции)
  • Тековна состојба од централен регистар на РМ

Во прилог Ви ги доставуваме Флаерот и Брошурата од саемот.

Пополнетиот формулар со документите е потребно да се достават на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Прочитано 948 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не