gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Покана за учество на „Иран Експо 2018“

Сојуз на стопански комори на Македонија во соработка со Амбасадата на Исламска Република Иран во Скопје Ве информира дека од 20-23 Октомври 2018 г. во меѓународниот изложбен центар „Шахр-е Афтаб“ во Техеран ќе се одржи 3-тиот меѓународен Саем за извозни можности на Исламска Република Иран „Иран Експо 2018“. Целта на овој Саем на кој ќе бидат изложени последните достигнувања и производи на иранските компании е воспоставување нови контакти и олеснување на соработката помеѓу иранските бизнисмени со бизнисмените од другите земји.

На овој Саем, 509 ирански компании ќе ги претставуваат нивните најнови достигнувања и производи во следниве области:

храна- земјоделска механизација-автомобилска индустрија-ауто делови-теписи, текстил, кожа и облека-дрво-бела техника-ракотворби-хигиенски производи-градежништво и инженерски услуги-рударство-птерохемија-услуги-банкарство, транспорт, едукација, туризам-поморска индустрија.

Врз основа на направените координации, на споменатиот Саем ќе присуствуваат бизнисмени од 66 земји помеѓу кои о Франција, Холандија, Швајцарска, Шведска, Италија, Белгија, Германија, Австрија, Шпанија, САД, Канада...

Организаторите на Саемот се спремни да дадат специјални и бесплатни услуги за 5 бизнисмени од Република Македонија во следниве области: Хотелски престој за 2 ноќи и 3 дена (комплетен аранжман)  – транспортни услуги (аеродром, хотел, саем) – состаноци B2B – посети и прошетка.

Заинтересираните можат да се пријават на:

веб: www.irantsn.com тел/факс: +98 21 77247493 емаил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. емаил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  тел: 02-3051759

За сите дополнителни информации Ве молиме контактирајте не на телефон 02 3091 440 или на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Прочитано 210 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не