gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

МАКЕДОНСКИ ЦЕНТАР ЗА НАУКА, ИСТРАЖУВАЊЕ И ЕДУКАЦИЈА

"Македонскиот центар за наука, истражување и едукација" при Сојуз на стопански комори на Македонија, континуирано работи на истражување на потребите за едукација и обука во претпријатија во Република Македонија, а резултатите од компаративната анализа ја истакнаа важноста на континуирано инвестирање во вработените во контекст на задржување на конкурентноста на пазарот.

Центарот за компаниите овозможува навремена едукација од областа на националната легислатива, обуки, семинари, како и доквалификација и преквалификација на високо професионални и стручни кадри.

 

Сојуз на стопански комори на Македонија акредитиран за спроведување на Програми за образование на возрасните од Министерство за образование и наука на РМ

Во насока на застапување на интересите на членовите на Сојуз нa стопански комори на Македонија, и поддршка во создавање на квалитетен и квалификуван кадар кој соодветствува на потребите на бизнис заедницата, Сојуз на стопански комори на Македонија, преку Македонскиот центар за наука, истражување и едукација спроведува Програми за образование на возрасните.

Цел на програмите е доквалификација на лица кои сакаат да го унапредат своето образование и се стекнат со вештини кои ќе им овозможат полесно вклучување на пазарот на трудот во Република Македонија. Програмите за образование се подготвени врз основа на соодветни стандарди за образование и истите се акредитирани и јавно сертифицирани од страна на Министерството за образование и наука на РМ.

Програми за образование на возрасните во ССК:

  • Монтер на гасоводна инсталација со енергетска ефикасност
  • Готвач во угостителски објект
  • Службеник во книговодство

Програмите се реализираат од страна на реномирани стручни предавачи, а практичниот дел се реализира во најголемите компании членови на ССК кои се лидери во својата област. По завршување на програмите учесниците се стекнуваат со Сертификат за реализирана програма акредитиран од страна на Министерството за образование на Република Македонија.

За сите дополнителни информации во врска со пријавување, учество и реализација на програмите за образование Ве молиме да не контактирате на тел: 02 30 90 450, контакт лице: Маја Савеска. 

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Мит.Теодосиј Гологанов 1

Следете не