gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Договор Сојуз на стопански комори на Македонија

1.    Основни одредби

1.1. Име

1.1.1   Целосното име на Сојузот е „СОЈУЗ НА СТОПАНСКИ КОМОРИ НА МАКЕДОНИЈА Стопанска Интересна Заедница“. Скратеното име на Сојузот е: „Сојуз на стопански комори на Македонија“.

1.1.2   Во надворешниот промет Сојузот ќе истапува со називот: „Macedonian Chambers of Commerce“.

1.1.3   Сојузот има својство на правно лице и за своите обврски Сојузот одговара со целиот свој имот.

1.2. Седиште и печат

1.2.1   Седиштето на Сојузот е на бул. Мит. Теодосиј Гологанов бр. 1 Скопје, Република Македонија.

1.2.2   Сојузот има свој печат и штембил.

1.2.3   Печатот на Сојузот има тркалезна форма со пречник од 3см., во чија внатрешна страна полукружно е испишано: „СОЈУЗ НА СТОПАНСКИ КОМОРИ НА МАКЕДОНИЈА“. Штембилот е со правоаголна форма и на него е испишано: СОЈУЗ НА СТОПАНСКИ КОМОРИ и празен простор за број и датум на актот што се прима или испраќа.

1.3. Членови на Сојузот

1.3.1   Членови н аСојузотсе сите правни лица кои потпишале пристапна изјава за членување во Сојузот на стопански комори, секторска или регионална комора, здружение, групација, работна групаили друга форма на здружување на Сојузот.

1.3.2   Членовите на Сојузот може да бидат полноправни, асоцијативни, почесни или ex officio членови.

1.4. Времетраење

1.4.1   Сојузот се основа на неопределено време.

1.5. Мисија и цели

1.5.1   Сојузот е самостојна, независна, неполитичка и непрофитна организација чија мисија е постојано да ја зголемува конкурентноста на компаниите и организациите што се членови на Сојузот, да го унапредува македонското деловно опкружување и да ја зголемува продажбата на производите на своите членови на глобалниот пазар.

1.5.2   Стратешките цели на Сојузот се:

Комуникации. Промовирање и зголемување на угледот на Сојузот во јавноста преку доставување на навремени, точни и релевантни информации;

ЗастапувањеВоспоставување на успешна програма за застапување на членовите кон двете нивоа на власт во Македонијаштоќе резултира со позитивни и ефективни промени на економијата заради заштита на деловните интереси на членовите на Сојузот;

Услуги за членовитеРазвој на специфични активности и иницијативи кои ги подобруваат претприемачките вештини на компаниите членови и ја унапредуваат конкурентноста и продуктивноста;

ПоврзувањеСоздавање на програм за вмрежување кој овозможува врски на Сојузот и членовите на Сојузот меѓу себе, другите Комори и деловни здруженија, владата и локалната самоуправа, НВО, синдикатите, образованието и меѓународната заедница;

Членство. Организирање на активности кои ќе го зголемат членството на Сојузот и со тоа ќе ги зајакнат позициите на Сојузот во општеството.

1.5.3   Со овој Договор се уредува делокругот на работа, организацијата и работата на Сојузот односно се обликува правилникот и активностите на Сојузот, надлежностите и начините на функционирање на органите и формите на учество, нејзините органи и тела, општите акти и постапката за нивно донесување, начинот и постапката за прием, упис и бришење членовите на Сојузот, финансирање на Сојузот и други прашања.

2.    Предмет на работење

2.1. Задачи

2.1.1 Сојузот ги има следните активности и задачи:

Застапување, усогласување и заштита на заедничките интереси на нејзините членови пред државните органи;

Подобрување на резултатите на работењето на членовите на Сојузот;

Обезбедување на стручна помош и други деловни услуги на своите членови;

Учество во обликување на стопанскиот систем и мерките на економската политика;

Утврдување и негување на добрите деловни обичаи, развивање на деловниот морал и утврдување на правила на однесување на своите членови во меѓусебните односи и односите со трети лица;

Учество во процесот на преструктурирање на стопанството;

Развивање на претприемачки иницијативи;

Промоција на македонското стопанство во странство и воспоставување на врски помеѓу деловниот свет и Македонија;

Потикнување на истражувања и иновации;

Деловно образование и усовршување;

Воспоставување на заеднички информативен систем;

Информирање на своите членови за специфичните правни и економски пазарни правила на одредени држави;

Стручна помош и анализа на одредени деловни проекти и потфати;

Учество во колективни спогодби и заговарање на заеднички настапи на членовите на Сојузот;

Делување како потпора (помош) на пазарните активности на компаниите;

Различни облици на подобрување на стопанските односи со странство; и

Вршење на други работи во интерес на своите членови.

2.1.2 Сојузот подеднакво ги застапува интересите на сите нејзини полноправни членови.

2.1.3 Работата на Сојузот е јавна. Јавноста на Сојузот се обезбедува со постојано информирање на своите членови за работата на Сојузот, објавување на одлуките на органите на Сојузот преку издавање на брошури, весници, списанија и сл., како и информирање преку своја стручна служба наменета за јавно информирање.

2.1.4 Сојузот својата активност ја води според принципот на слободна економска иницијатива, слободна конкуренција, регулирање на пазарот, заштита и достоинствено работење.

2.1.5 Сојузот своето дејствување го насочува кон принципите за квалитет, транспаретност и ефикасност овозможувајќи приоритет на учеството на членовите. Со таа цел стручните служби на Сојузот обезбедуваат распространетост преку електронски мрежи на документите и податоците на Сојузот какви што се договорот, правилниците и другите акти за кои се смета дека се од особен интерес за компаниите и пазарот.

2.1.6 Во своето работење,Сојузот ќе ја врши следната дејност:

          91.33 Активности на други организации врз база на зачленување, неспомнати на друго место

3.    Членови и членство

3.1. Членови на Сојузот

3.1.1 Членови на Сојузот можат да бидат правни лица или регистрирани вршители на дејност, трговци поединци регистрирани во Трговскиот регистар на РМ, организација, здружение или институција кои ги исполнуваат сите услови за членство во Сојузот согласно правилата што ги определува Комисијата за членство на Сојузот.

3.2. Регистар на членови на Сојузот

  • Членовите на Сојузот се запишуваат во Регистар на членови на Сојузот врз основа на одлука за прием донесена на седница на Комисија за членство на Сојузот. Членовите можат да бидат полноправни, асоцијативни или почесни.
  • Регистарот на членови на Сојузот го водат стручните служби на Сојузот.Секоја промена на запишаните членови се евидентира во Регистарот, согласно одлуките донесени на Собрание на Сојузот.

3.3. Членство

Комисија за членство

3.3.1   За прашања поврзани со приемот на нови членови, одржување на членството и престанок на членовите, одговорна е Комисијата за членство. Оваа комисија се состои од Претседателот на Сојузот и други два претставника на Собранието на Сојузот.

Прием на нови членови

3.3.2   Собранието го потврдува приемот на нови членови на Сојузот, согласно овој Договор.

3.3.3   За да се биде примен во Сојузот и да се одржи членството во Сојузот, секој член мора да има добра репутација во општеството и таа репутација да е прифатлива за Сојузот.

3.3.4   Кандидатите треба да ги испраќаат нивните пристапници до Комисијата за членство, која ги прифаќа или одбива таквите пристапници на нејзиниот нареден состанок. Сите кои се пријавиле и на кои им е одобрено зачленување во Сојузот, ќе бидат известени писмено за одлуката на Комисијата за членство.

3.3.5   Кога одлучува за нови членови, Комисијата за членство го применува дискрециониот принцип: не ги образложува негативните одлуки.

3.3.6   Доколку нема јавно изразени приговори од некој член на Собранието, предлозите на Комисијата за членство ќе се сметаат за валидни и ќе претставуваат bonafide членство во Сојузот.

3.3.7   Кога новите членови се прифатени, ќе им се испрати фактура за членарина, која треба да се плати во рок од 15 (петнаесет) дена од приемот на фактурата.

3.3.8   Ќе се смета дека членовите немаат „добра репутација“ доколку не ја платат членарината благовремено.

3.3.9   Комисијата за членство е овластена да ги извршува своите должности во врска со условите за прием и класификацијата на членовите.

3.3.10   Членовите ќе добијат потврда за членство.

Почесни членови

3.3.11   Сојузот може да има почесни членови. Почесните членови може да бидат лица кои на Сојузотму донеле висок рејтинг или биле заслужни со своите исклучителни деловни активности заСојузот. Почесните членови имаат право да го користат изразот “Почесни членови”. Почесните членови се избираат со мнозинство гласови на Собранието немаат право да вршат избрани функции во Сојузот.

Асоцијативни членови

3.3.12   Сојузот има асоцијативни членови. Асоцијативните членови немаат право на одлучување, не можат да вршат избрани функции во Сојузот и имаат право само на основни информации за работата и активностите на Сојузот. Секој член кој повеќе од 8 квартали нема платено членарина по автоматизам добива статус на асоцијативен член. Асоцијативниот член може да премине во полноправен доколку во целост ги подмири сите доспеани обврски кон Сојузот.

Членување на организации во Сојузот

3.3.13   Собранието може да прима непрофитни организации како членови и да одобрува таквите организации да плаќаат пониска членарина од таа која се бара од другите членови. Собранието ќе го употреби своето дискреционо право да ја определи квалификацијата за статус на непрофитна организација согласно овој член, но во секој случај, регистрацијата на некоја организација како непрофитна во Македонија или во странство ќе се земе предвид при ова одлучување.

Исклучување на членови

3.3.14   Освен во случајот од членовите 3.4.3 и 5.1.3, Комисијата за членство може да исклучи член поради недолично однесување, или член чие продолжување на членството се смета за штетно за комората. На Комисијата ќе се гласа околу исклучувањето, без оглед дали членот чие исклучување се разгледува лично или преку претставник ќе присуствува на седница на Комисијата или не.

3.4. Престанок на членство

3.4.1   Членувањето во Сојузот може да престане ако членот:

(а) достави писмено барање за престанок на членување;

(б) престане со работа;

(в)престане да постои и

(в) е исклучен од Сојузот.

3.4.2   Членовите може да се откажат од своето членство со давање на писмено известување до Сојузот.

3.4.3   Секој член може да биде исклучен од Сојузот ако:

  • не се придржува и не ги исполнува обврските што произлегуваат од Договорот, одлуките и заклучоците на Сојузот;
  • работи спротивно на интересите на Сојузот.

3.4.4   Начинот на исклучување на членот на Сојузот е наведено во делот Исклучување на членови.

3.5. Права, обврски и одговорности

3.5.1   Полноправните членови на Сојузот ги имаат следниве права, обврски и одговорности:

  • Активни и пасивни гласачки права во органите на Сојузот;
  • Давање на предлози за подготовка на разни акти;
  • Давање на предлози за изработка на деловни проекти;
  • Право на употребување на услугите кои ги дава Сојузот;
  • Право на информирање на разни прашања од областа на Сојузот;
  • Учествување во проекти во рамките на Сојузот и надвор од неа;
  • Изнесување на меѓусебните спорови и случаите на повреда на добрите деловни обичаи, етика и морал пред судот на честа при Сојузот;
  • Посредување во разрешување на спорови од областа на стопанството;
  • Учествување во обезбедување на средства потребни за работа на коморите;
  • Плаќање на коморски уписен влог;
  • Редовно плаќање на членарина.

4.    Органи и тела на Сојузот

4.1.1 Органи на Сојузот се: Собранието; Управниот одбор;Надзорниот одбор; Претседателот и Извршниот Директор.

4.2. Собрание на Сојузот

4.2.1   Собранието е највисок орган на Сојузот. Собранието на Сојузот работи на седници. Собранието го сочинуваат претставници на полноправните членови на Сојузот. Сите полноправни членови на секторските комори се по автоматизам членови на Сојузот на стопански комори и имаат право на еден глас.

4.2.2   Секој полноправен член во Собранието на Сојузот има право да овласти еден претставник.

4.2.3   Сите полноправни членови ќе именуваат и регистрираат кај Сојузот претставник које овластен да ги претставуваат на Собранието. Полноправните членовите кои се правни лица (стопански комори, здруженија, стопански субјекти) исто така може со полномошно да овластат и да регистрираат претставник како нивен заменик.

4.2.4   Мандатот на членовите е додека трае нивното членство во комората.

Стандардно свикување на седница

4.2.5   Редовна годишна седница на Собранието се одржува во периодот помеѓу 1 Јуни и 30 Септември. Други седници на Собранието може да се одржат и надвор од овој период ако има потреба за тоа.

4.2.6   Седница на Собрание се одржува на барање на Претседателот на Сојузот или по писмено барање доставено до Извршниот директор на Сојузот од најмалку 10 полноправни членови на управен одбор.

4.2.7   Членовите на Собранието се известуваат за закажаната седница на Собранието по писмен пат користејќи електронска пошта најмалку 21 календарски денови пред денот на нејзиното одржување, а во итни случаи може и во покус рок, но не покус од три денови.

4.2.8   Ако Претседателот на Сојузот не свика седница на Собранието согласно член 4.2.5 и член 4.2.6, сите органи на Сојузот освен Собранието се распуштаат во рок од 60 денови, а на наредната седница на Собранието задолжително се бираат нови органи.

Свикување на седница од членови на Сојузот

4.2.9   Во случај на писмено барање за свикување на седница на Собранието од страна на најмалку 10 полноправни претставници на членовите управниот одбор на Сојузот, а Претседателот не свика Собрание во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето во седиштето на Сојузот, собранието ке го свикаат стручните служби на Сојузот. Времето, местото и целите на ваквата седница ќе го одредат стручните служби според процедура опишана во член 4.2.7 на овој договор. На секоја таква седница нема да се разгледуваат други прашања освен оние кои се наведени во барањето и дневниот ред, со тоа што претставниците на членовите може да дискутираат за други прашања без гласање.

Водење на седница

4.2.10 На седница на Собранието има право на присуство и глас претставник на полноправен член на Сојузот .

4.2.11 Полноправните претставниците на Собранието кои не се во можност да присуствуваат на Собранието на Сојузот може со полномошно да овластат лице кое ќе ги претставува на таа седница.

4.2.12   За кворум на Собранието ќе се смета ако на седницата на Собранието присуствуваат 26 (дваесет и шест) полноправни претставници на Собранието на Сојузот. Освен доколку е тука поинаку определено, одлуките на Собранието се донесуваат сопросто мнозинство гласови од бројот на присутните полноправни претставници. Претседателот на Собранието ќе го има одлучувачкиот глас, доколку дојде до еднаква поделба на гласовите. Гласањето ќе биде јавно, но со одлука на собранието може да се одлучи да има и тајно гласање.

4.2.13   Времето, местото и дневниот ред на седницата на Собранието го предлага Претседателот, а го усвојува Собранието. При усвојувањето на дневниот ред на самата седница на Собранието, претставниците на Собранието може да предложат измени и дополнувања на дневниот ред и истите да бидат усвоени сопросто мнозинството од присутните полноправни претставници на седницата.

4.2.14   Собранието:          

1)     го одобрува Договорот на Сојузот и неговите измени;

2)     ја донесува годишната програма за работа на Сојузот;

3)     го усвојува Деловникот за работа на Собранието;

4)     го потврдуваУправниот одбор и Претседателот на Сојузот;

5)     го усвојува извештајот за работа на Управниот одбор;

6)     го усвојува извештајот за работа на стручните служби;

7)     расправа за прашања од интерес за стопанството и донесува одлуки во врска со тоа;

8)     ја контролира и ја насочува работата на Управниот одбор;

9)     го разгледува и усвојува извештајот за работа на Управниот одбор;

10)   го разрешува Управниот одбор и Претседателотна Сојузот ако констатира дека истите го кршат Уставот и законите;

11)   ја разгледува завршната сметка на Сојузот;

12)   го усвојува финансовиот план на Сојузот;

13)   Врши и други работи утврдени со договор или друг општ акт на Сојузот.

4.2.15   Со Собранието на Сојузот раководи Претседателот на Сојузот.

4.2.16   За вршење на одредени работи од својот делокруг, Собранието може да формира постојани и повремени работни тела.

4.3. Управен одбор

4.3.1      Управниот одбор (во понатамошниот текст „УО“) ќе се состои од најмалку 9 полноправни претставници од Собранието на Сојузот кои со одлука ги потврдува Собранието на седница на Собранието. Овие полноправни претставници на Собранието кои се делегираат од коморите при сојузот и што се избрани за работа во УО претставуваат членови на УО.

4.3.2      УО ќе се состои од еден претседател, еден заменик-претседател, еден потпретседател одговорен за финансии, други потпретседатели одговорни за одредени ресори и други членови.

4.3.3      УО одлучува за следните работи:

1)     општо водење на работите на Сојузот;

2)     склучување и следење на општите колективни договори со соодветниот синдикат;

3)     избира Извршен Директор;

4)     именува потписници на сметката на Сојузот;

5)     ја контролира работата на Извршниот Директор;

6)     предложува на Собранието за верификација нови членови на Сојузот;

7)     ја утврдува основицата и стапката на членарината и коморскиот уписен влог во Сојузот на предлог на Управниот одбор;

8)     други прашања кои не се во надлежност на Собранието или на Извршниот Директор.

4.3.4      УО е овластен да основа комисии, постојани и повремени работни тела кои се неопходни за работењето на Сојузот.

4.3.5      За својата работа најмалку еднаш годишно поднесува извештај до Собранието на Сојузот.

4.3.6      УО ќе држи седници најмалку еднаш квартално. Сите седници и други состаноци ќе ги води Претседателот, или во негово отсуство лицата предвидени во 4.3.16 и/или 4.3.17.

4.3.7      Претседателот, најмалку седум дена претходно, ќе испрати до секој член покана за седницата на УО заедно со времето и местото на седницата како и предложениот дневен ред, а во итни случаи може и во покус рок, но не покус од три денови.Предметот на работа на УО не е ограничен на тоа што е наведено во известувањето за седницата.

4.3.8      Пет присутни членови на УО на седницата ќе претставува кворум. Работите на УО се одлучуваат со просто мнозинство гласови од присутните полноправни членови. Претседателот ќе го има одлучувачкиот глас, доколку дојде до еднаква поделба на гласовите.

4.3.9      Седниците на УО се држат во просториите на Сојузот, освен доколку Претседателот не одлучи поинаку.

4.3.10   Седниците на УО може да се држат во време кое Претседателот може да ги определи или по доставено барање до Претседателот потпишано од најмалку една четвртина од членовите на УО.

4.3.11   УО е овластен да основа комисии кои се неопходни за функционирање на Сојузот, да ја определи нивната форма и овластувања.

4.3.12   УО ќе биде одговорен за раководење на активностите на Сојузот.

4.3.13   Мандатот на секој член на УО ќе биде две години.

4.3.14   Во УО не може да членува лице кое не е физички присутно во Македонија најмалку шест месеци во годината.

4.3.15   Претседателот на УО ќе ги води седниците на УО.

4.3.16   Заменик-претседателот на УО ќе ги превземе обврските на Претседателот доколку не присуствува на состанокот на УО или не е во можност да ги извршува своите задолженија. Доколку Претседателот даде оставка, биде отповикан или на друг начин не е во можност перманентно да ги извршува своите обврски, Заменик-претседателот ќе го замени Претседателот и ќе ја превземе неговата функција и неговите обврски.

4.3.17   Доколку местото на Заменик-претседателот биде испразнето поради превземањето на претседателството од страна на Заменик-претседателот согласно 4.3.16 погоре или поради оставка на Заменик-претседателот, неговата функција ќе биде пополнета од тогаш постоечките членови на УО со гласање на УО.

4.3.18   Потпретседателот за финансии ќе ги има овластувањата во врска со средствата кои се собрани или добиени за да бидат користени од Сојузот. Потпретседателот за финансии ќе се грижи за точноста на сметките согласно законската форма или ќе овласти некого да го прави тоа. Потпретседателот за финансии ќе ги предава на неговите наследници сите книговодствени материјали на Сојузот.

4.3.19   Членовите на УО кои не присуствуваат на закажаните седници на УО мора да го информираат Извршниот Директор за причината на нивното отсуство. Доколку член на УО изостанува од три последователни состаноци кои се свикани на начин пропишан со овој акт без причина или од причини кои УО ги оцени како несоодветни, ќе се смета дека оставката на тој член е дадена и прифатена од Сојузот.

4.3.20   УО ќе дава извештај за работата на Сојузот до Собранието на Сојузот секоја година.

4.3.21   Без оглед на одредбите од поглавјето за Членство, Сојузот ќе има exofficio членови кои нема да имаат право на глас.

4.3.22   Exofficio членови на Сојузот ќе бидат:

1)     Претседателот на Македонија;

2)     Претседателот на Владата на Македонија;

3)     Економските министри во Владата на Македонија;

4)     Министерот одговорен за надворешни работи во Владата на РМ;

5)     Министерот одговорен за евроинтеграции во Владата на РМ;

6)     Претседателите на политичките партии во Македонија;

7)     Сите поранешни Претседатели на УО на Сојузот.

4.4. Надзорен одбор

4.4.1   Надзорниот одбор брои најмалку 3 членови кои со одлука се избираат на Собранието на Сојузот на комори. Членовите на Надзорниот одбор од своите редови бираат претседател на НО. Надзорниот одбор работи на седници кои се одржуваат по потреба. Седниците на Надзорниот одбор ги свикува и со нив раководи претседателот на Надзорниот одбор.Мандатот на претседателот на НО и членовите на НО се избираат за време од две години со право на повторен реизбор.

4.4.2   Надзорниот одбор:

1)    врши надзор врз законитоста на работењето на Сојузот на стопански комори

2)    врши контрола на финансиското и материјалното работење на Сојузот;

3)     ја разгледува завршната сметка на Сојузот и дава мислење на седница на Собранието на Сојузот.

4)     врши надзор над спроведувањето на Договорот , одлуките и другите правни акти,

5)     врши надзор над остварувањето на правата и извршувањето на обврските на членовите на Сојузот

6)     други работи кои ќе му ги додели Собранието на Сојузот

За својата работа најмалку еднаш годишно поднесува извештај до Собранието на Сојузот.

4.5. Претседател на Сојузот

4.5.1   Претседател на Сојузот е Претседателот на Управниот одбор на Сојузот. За својата работа најмалку еднаш годишно поднесува извештај до Управниот одбор.

4.5.2   Мандатот на Претседателот трае две години со можност на повторен избор. Во случај мандатот да истече, а Собранието да не избере нов Претседател, постоечкиот Претседател јаврши функцијата Претседател до наредното Собрание.

4.5.3   Претседателот на Сојузот го потврдува Собранието на Сојузот избран со одлука на УО од редотна полноправни членовите на Управниот одбор на седница на УО на која се утврдува дневниот ред за претстојно Собрание на сојузот. За Претседател може да биде предложен и изгласан со одлука на седница на УО полноправен член на УО кој во последната година земал активно учество и придонел во работата на Сојузот и се истакнал со личен придонес за значително зголемување на членството во Сојузот.

4.5.4   Претседателот  на Сојузот:

1)     ги свикува седниците на Управниот одбор и заседава со нив;

2)     го претставува и застапува Сојузот;

3)     ја спроведува програмата на Сојузот и се грижи за нејзино спроведување;

4)     ги потпишува и спроведува заклучоците на Собранието и органите на Собранието;

5)     го предлага заменик-претседателот на Сојузот и Извршниот Директор;

6)     учествува и ја организира работата во работата на Управниот Одбор;

7)     врши и други работи кои му се доверени.

4.6. Заменик-претседател на Сојузот

4.6.1   Заменик-претседателот на Сојузот го избира Управниот одбор на Сојузот на предлог од Претседателот на Сојузот.

4.6.2   Заменик-претседателот на Сојузот се бира за време од две години со право на повторен избор.

4.6.3   Заменик-претседателот на Сојузот му помагана Претседателот на Сојузот во вршење на неговата функција и во случај на спреченост на Претседателот,истиот го заменува.

4.6.4   Заменик-претседателот на Сојузот врши и други работи кои му се доверени од Претседателот или со друг акт на Сојузот.

4.7. Управител – Извршен Директор

4.7.1   Во односите со трети лица Сојузот ќе биде претставуван од управителот – Извршниот Директор.

4.7.2   Извршниот Директор го избира Управниот одбор на предлог на претседателот.

4.7.3   Извршниот Директор се бира за време од две години со право на повторен избор.

4.7.4   Извршниот Директор ќе биде овластен да ги преземе сите активности на Сојузот, освен активностите кои се во надлежност на Претседателот, Собранието или на УО и неговите членови.

4.7.5   Обврските кои се преземени од Извршниот Директор ќе бидат обврски на Сојузот. Било каков потпис на Извршниот Директор на било каков документ со кој се преземаат обврски или одговорности за Сојузот мора да биде на писмено одобрен од Претседателот на УО.

4.7.6   Извршниот Директор ќе потпишува во име и за сметка на Сојузот на сите вирмани, чекови или други инструменти за плаќање, а кога потпишува на било каков документ кој содржи обврски за Сојузот, е обврзан да предвиди одредба со која се ограничува одговорноста на членовите до нивното учество со членарината.

4.7.7   Управителот - Извршниот Директор не мора да биде член на Комората.

4.7.8   Извршниот Директор:

1)     му помага на претседателот и потпретседателите на Сојузот во вршење на нивните функции;

2)     ја организира административната дејност на Сојузот;

3)     организира исполнување на одлуките на управниот одбор на коморите;

4)     врши и други работи кои му се доверени од Претседателот или со некој акт на Сојузот.

5)     води список за присуство на членовите на УО на ССК

4.7.9   Претседателот на Сојузот може да делегира дел од одговорностите на Претседателот кон Извршниот Директор со потпишување на менаџерски договор. Менаџерскиот договор согласно Законот за трговски друштва и Законот за работни односи треба да биде усвоен од страна на УО на Сојузот.

4.7.10   Управителот-извршниот директор се запишува во трговскиот регистер како управител со ограничено овластувања при што се ограничува со:

  • во рамките на редовното работење на правното лице може да склучува договори и други правни дела во име и за сметка на правното лице чии износ не надминува 1.000 ЕВРА. За склучување на договори и други правни дела чии износ надминува 1.000 ЕВРА потребна е согласност на претседателот или/Управниот одбор на правното лице;
  • сите други работи, акти и дејствија во управувањето ги склучува и ги врши заеднички со претседателот или со одобрение/согласност на Собранието/Управниот одбор на правното лице;
  • застапувањето и претставувањето на Сојузот го врши заеднички со претседателот односно со одобрение од Собранието/Управниот одбор на правното лице.

4.8. Стручна служба

4.8.1   Стручните, помошните и административните работи за потребите на Сојузот ги извршува стручната служба на Сојузот.

4.8.2   Стручната служба која работи во рамките на Сојузот донесува свој деловник за работа и се придржува кон истиот.

4.8.3   Стручната служба за својата работа најмалку еднаш годишно поднесува извештај до Собранието на Сојузот.

4.8.4   Со стручната служба раководи Извршниот Директор кој за својата работа одговара пред Управниот одбор.

4.8.5   Извршниот Директор и другите членови на стручната служба учествуваат во работата на органите и телата на Сојузот и даваат свое мислење без право на глас.

4.8.6   Систематизацијата на работните места, бројот на работниците, нивните права и обврски, платите и другите надоместоци се уредуваат со Правилник изработен од страна на Извршниот Директор.

4.8.7   Стручната служба на Сојузот подготвува информации, анализи, нацрти на општи и други акти за потребите на Сојузот, иницира предлози за донесување и подготвува мислење по предлози на разни прописи од областа на стопанството и други работи предвидени со некој акт на Сојузот.

4.8.8   Стручната служба на Сојузот обезбедуваат деловни информации, податоци, стручни совети, анализи,сугестии и сл. со кои се овозможува успешно работење на членовите на Сојузот.

4.8.9   Во извршувањето на своите задачи стручната служба соработува со членовите на Сојузот, со стручните служби од другите комори кои се здружени во Сојузот на стопански комори и со разни научни, стручни и други организации и асоцијации.

5.    Финансиска структура

5.1.1   Сојузот се финансира од:

1)     коморска членарина;

2)     коморски уписен влог;

3)     подароци и фондации;

4)     надомест за услуги кои ги пружа Сојузот; и

5)     други приходи во согласност со законот, овој договор и другите општи акти кои ги донесува Сојузот.

5.1.2   Членарината и прашањата во врска со тоа се подготвуваат од УО, а се прегледуваат годишно.

5.1.3   Членовите се должни да ги подмируваат своите обврски кон Сојузот навремено.

5.1.4   УО или овластеното лице ќе ги чува точните сметки за износите на средства кои се примени и потрошени од Сојузот и за имотот и обврските. Еднаш годишно, сметките на Сојузот ќе се испитуваат како и точноста на завршната сметка. На барање од НО завршната сметка може да биде проверена и верификувана од ревизор, согласно меѓународните сметководствени стандарди.

5.1.5   Дополнителни давачки може да се наметнуваат на членовите на Сојузот само со одобрување преку тајно гласање на Собранието на просто мнозинство од претставниците кои имаат право на глас.

5.1.6   По исклучок на член 5.1.2, на своја седница, УО со мнозинство од гласови може да наметне само на членовите на УО дополнителни давачки.

5.1.7   Со средстватаСојузот располага со одлуки што се извршуваат од страна на овластени потписници, а врз основа на овој Договор и законот.

5.1.8   Начинот на фактурирање и наплата на членарината и другите давачки се уредуваат во согласност соПравилник на Сојузот на стопански комори на Македонија.

6.    Организирање наСојузот

6.1. Општи акти и постапка за нивно донесување

Општи акти

6.1.1  Општи акти на Сојузот се:

1)     Договор на Сојузот

2)     Деловници за работа на органи и тела на Сојузот;

3)     Правилници;

4)     Одлуки и други акти

6.1.2    Актите на Сојузот мора да бидат во согласност со Уставот, Законот за стопанските комори, Договорот и другите закони.

6.1.3    Актите кои ги донесува Собранието не можат да се пренесат во надлежност на другите органи на Сојузот.

6.1.4    Управниот одбор општите акти ги донесува со просто мнозинство гласови од вкупниот број присутни полноправни членови.

6.1.5    Постапка за донесување, измена или дополнување на општ акт, чие донесување е во надлежност на Управниот одбор се поведува со поднесување предлог во писмена форма. Управниот одбор е должен да го разгледа предлогот и по истиот да донесе одлука. Примерок од оваа одлука, Управниот одбор му доставува на предлагачот.

Договори негово изменување и дополнување

6.1.6    Договорот го донесува Собранието на Сојузотсо просто мнозинство гласови од вкупниот број присутни полноправни претставниции тој претставува највисок општ правен акт на Сојузот.

6.1.7    Иницијатива за измена и дополнување на овој договор, може да покрене Работно тело за измени и дополнување на Договорот наСојузот кој го доставува до Стручните служби на стручно изготвување.

6.1.8    Предлог за измена и дополнување на овој договори конечниот текст се поднесува до Собранието на Сојузот одстручните служби за потврда.

Одлучување на органите

6.1.9    Органите и телата на Сојузот донесуваат Деловници за својата работа.

6.1.10    Одлуките на органите и телата на Сојузот се донесуваат со просто мнозинство од бројот на присутните полноправни членови на органите односно телото.

6.2. Посебни организациони облици

6.2.1       Членовите на Сојузот во рамките на Сојузот можат да одлучат и да дејствуваат преку посебни организациони облици, заради поуспешно и поефикасно остварување на своите специфични заеднички интереси.

6.2.2       Одлуката за здружување во посебни организациони облици се донесува по претходно добиено мислење од Собранието на Сојузот.

6.2.3       Средствата за работењето на посебни организациони облици ги обезбедуваат членовите кои во нив се здружиле.

6.3. Територијално делување и здружување

6.3.1       Сојузот може со одлука на Собранието на Сојузот да одлучи да основа и територијални единици за остварување на своите цели и задачи како територијално организирање на членовите на Сојузот.

6.3.2       Поврзување на членовите на Сојузот по дејности ќе се врши и на ниво на територијални единици – во групи кои се основани во зависност од бројот, структурата и интересите на стопанските субјекти во даден регион.

6.3.3       Собранието со посебен акт ќе го утврди начинот на основање и работење на своите територијални единици.

6.4. Суд на честа

6.4.1       Во рамките на Сојузот собранието со посебен акт ќе формира посебен орган - Суд на честа како независен орган кој ќе се грижи за развивање, остварување и зајакнување на добрите деловни обичаи и деловниот морал како и заштита на истите. Истовремено Судот на Честа ќе одлучува и за неизвршување на обврските на членовите на Сојузот, како и за други повреди на актите на Сојузот за чии повреди може да се изречат мерки во согласност со рамките на актите на Сојузот, како и повреди на добрите деловни обичаи односно правилата на деловната етика.

6.5. Арбитражен суд

6.5.1       Во рамките на Сојузот, Собранието со посебен акт ќе формира посебен орган – Арбитражен суд.

6.5.2       Согласно правилникот за работа на Арбитражниот суд, пред истиот ќе можат да се покренуваат постапки за посредување, спогодување, односно решавање на споровите настанати од меѓусебните односи во областа на прометот на стоки и услуги (трговски спорови) што претпријатијата самостојно ги уредуваат, или што произлегуваат од правата со кои располагаат, освен оние за кои со Закон, или друг пропис е утврдена исклучителна надлежност на редовните судови.

7.    Престанок на Сојузот

7.1.1       Сојузот ќе престане со работа ако за тоа одлучат претставниците на Собранието или ако настанат причини за престанок кои се утврдени со законските прописи во Македонија.

7.1.2       Одлука за престанок на Сојузот донесува Собранието со апсолутно мнозинство одбројот на полноправните претставници на Сојузот присутни на седница на Собрание.

7.1.3       По престанок на Сојузот, имотот и другите права и приходи што остануваат по намирување на обврските ќе се распределат согласно одлука на УО на Сојузот во хуманитарни цели.

8.    Преодни и завршни одредби

8.1.1   Сите општи акти на Сојузотќе се донесат и усогласат со одредбите на овој Договор во рок од 120 дена од денот на неговото потпишување.

8.1.2   Овој договор ја има силата на статут и претставува највисок општ правен акт на Сојузот.

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Мит.Теодосиј Гологанов 1

Следете не