gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

  • Групација за аудиовизуелна продукција

    Групацијата за аудиовизуелна продукција е формирана во рамки на Трговската Комора при Сојуз на стопански комори на Македонија. Целта на групацијата е делување во насока на продукција и постпродукција на рекламни спотови и музички видеа како и многу други активности во оваа област. Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  • Групација за ловство

    Групацијата за ловство е формирана во 2014 година во рамки на Агро-Бизнис Комората при Сојуз на стопански комори на Македонија. Во групацијата членуваат ловечки друштва и други субјекти во таа област.

    Марија Мустрик Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

  • Групација за производство на фискална опрема

    Во рамки на Индустриската Комора при Сојуз на стопански комори на Македонија е формирана групацијата за производство на фискална опрема. Целта на групацијата е заедничко делување во насока на следење на законската регулатива и пропишаните стандарди за работа

    Маја Савеска Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

  • Групација за енергетска ефикасност и производство на енергија

    Групацијата за енергетска ефикасност е формирана во 2012 година рамки на Индустриската Комора при Сојуз на стопански комори на Македонија. Целта на групацијата е здружување во насока на оптимизација на трошоците за електрична енергија.

    Маја Савеска Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

  • Групација на регионални приватни телевизии

    Во рамки на Услужна комора при Сојуз на стопански комори во 2015 година е формирана Групацијата на приватни регионални медиуми.Во насока на поттикнување на развојот на квалитетни односи и лојална конкуренција приватните регионални телевизии, заеднички делуваат кон остварување на своите цели и подобрување на деловниот амбиент.

    Марија Мустрик Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

  • Бизнис центар за македонска дијаспора

    Бизнис центар за македонска дијаспора основана како дел од Услужна комора при Сојуз на стопански комори на Македонија претставува мост помеѓу компании од Македонија и дијаспората. Членовите на центарот, се компании од дијаспората во сопственост или управувани од страна на македонци. Цел на Бизнис центарот е користење на големиот потенцијал на македонските компании во дијаспората во форма на знаење, искуство, размена на идеи и деловни контакти.

    Маја Савеска Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

  • Групација на транспортни услуги и шпедиција

    Групацијата на транспортни услуги и шпедиција е формирана во 2013 година во рамките на Услужна комора при Сојуз на стопански комори на Македонија. Во Групацијата членуваат компании од областа на транспортните услуги и шпедицијата.

    Маја Савеска Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

  • Групација за архитектура, проектирање, инженеринг и внатрешен дизајн

    Групацијата за архитектура, проектирање, инженеринг и внтарешен дизајн е формирана во 2013 година во рамките на Услужна комора при Сојуз на стопански комори на Македонија. Во Групацијата членуваат компании од областа на архитектурата, проектирањето, инженерингот и внатрешното уредување во сите видови на објекти.

    Маја Савеска Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

  • Групација на жени претприемачи на Македонија

    Жени претприемачи на Македонија е формирана во 2013 година во рамки на Услужна комора при Сојуз на стопански комори на Македонија. Во Групацијата членуваат повеќе од 250 компании членови на Сојуз на стопански комори на Македонија кои се управувани или менаџирани од страна на жени.

    Маја Савеска Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

  • Групација на агенции за недвижности

    Групацијата на агенции за недвижности е формирана во 2013 година во рамки на Услужна комора при Сојуз на стопански комори на Македонија. Во Групацијата членуваат компании лиценцирани агенции за недвижности.

    Маја Савеска Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

  • Групација на лиценцирани управители на станбени згради

    Групацијата на лиценцирани управители на станбени згради е формирана во 2013 година во рамки на Услужна комора при Сојуз на стопански комори на Македонија. Во Групацијата членуваат компании кои се лиценцирани управители на станбени згради.

    Маја Савеска Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

  • Групација за тренинг и консалтинг

    Консалтинг за човечки ресурси, организациско преструктуирање и развој, имплементација на стандарди, тренинг програми и бизнис вештини, обуки и советувања се само дел од можностите што ги нудат компаниите членки на Групацијата.

    Маја Савеска Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

  • Национална федерација на агенции за привремено вработување

    Основањето на Националната федерација на агенции за привремени вработувања е со цел намалување на невработеноста и воведување на вистински стандарди исто како и во европските држави.

    Маја Савеска Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

  • Групација на импортери на моторни возила

    Групацијата претставува вистински пример за здружено функционирање на конкурентски компании. Групацијата има свој претставник во Ревизорскиот комитет за изработка на закон за моторни возила. Стручниот тим на Групацијата на импортери на моторни возила, изработува анализа за состојбата за автомобилскиот пазар во Р. Македонија и споредба на автомобилските пазари во регионот.

    Гоце Карадаков Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

  • Групација на импортери на мотоцикли

    Групацијата на импортери на мотоцикли е формирана на 19 март во 2009 година во рамки на Трговската комора, брои девет импортери на мотоцикли. Целта на основањето на Групацијата на импортери на мотоцикли е следење на пазарот на мотоцикли во Р. Македонија и соработка со владините институции.

    Гоце Карадаков Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

  • Групација на импортери на товарни моторни возила

    Групацијата на импортери на товарни моторни возила е формирана во мај 2009 година во рамки на Трговската комора, брои шест импортери на товарни возила.

    Гоце Karadakov Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

  • Групација на производители на вино

    Целта на формирањето на Групацијата на вино производителите е директна поддршка и застапување пред институциите на системот, меѓународна промоција на македонските вина и формирање на препознатлив заеднички македонски бренд на вино.

    Александар Зарков Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

  • Групација на сервисери по ладење и климатизација

    Главната цел на Групацијата е да се обединат сервисерите по ладилна техника, со што би се олеснила нивната меѓусебна соработка, комуникација, како и спроведување на нивните барања и предлози за оваа дејност до соодветните тела.

    Маја Савеска Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

  • Групација на фармацевтски куќи, веледрогерии, аптеки и специјализирани продавници за промет со медицински помагала

    Групацијата своите активности ги насочува кон заеднички настап преку свое претставување и лобирање кај соодветните институции, подобрување на економската стабилност, учество во донесување на нови законски регулативи, подобрување на деловната клима, донесување на заеднички програми и предлози кои ќе бидат доставувани до Министерството за здравство на РМ и Фондот за здравствена заштита на Р.Македонија.

    Гоце Карадаков Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

  • Групација на приватно здравство

    Групацијата на приватно здравство има за цел превземање на конкретни активности за подобрување на своето делување преку учество во донесување на нови законски регулативи, донесување заеднички проекти кои ќе бидат доставувани до надлежните институции, со што ќе се придонесе кон подобрување на деловната клима во областа на здравството.

    Маја Савеска Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

  • Групација за безбедност и здравје при работа

    Целта на формирање на Групацијата е да се помогне на членките на Сојузот на стопански комори при изнаоѓање на решение на секојдневните проблеми од аспект на безбедност и здравје при работа на вработените. Оваа Групација нуди адекватни совети за фирмите континуирано и систематски да ги исполнуваат законските обврски. Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  • Групација за мелничко – преработувачка индустрија

    Групацијата за мелничко преработувачка индустрија ги опфаќа компаниите од областите на мелничарството, пекарството, кондиторство, силоси, производители на брашно, леб и бели печива, сточна храна и др.

    Александар Зарков Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

  • Групација на официјални увозници на пневматици на територијата на РМ

    Групацијата на официјални увозници на пневматици на територијата на Р. Македонија како свои приоритети ги има одредено: застапување на заедничките интереси на членките во Групацијата; континуирано следење на законската регулатива и преземање иницијативи за подобрување на дејностите од областа на увозот на пневматици; како и воспоставување на соработка со соодветните институции.

    Гоце Карадаков Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

  • Групација на лиценцирани такси превозници

    Групацијата на лиценцирани такси-превозници е формирана со цел здружено и заедничко работење на компаниите од областа на лиценцирани такси-превозници, претставување и лобирање кај соодветните институции, донесување на заеднички програми и предлози за регулирање и застапување на интересите на лиценцирани такси-превозници, учество во креирање на нови законски регулативи во соработка со соодветни институции и подобрување на деловната клима.

    Маја Савеска Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

  • 1

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не