gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Сојуз на стопански комори на Македонија е најголемата независна деловна организација во Македонија. Формирана како невладина и непрофитна организација ССК ги промовира и застапува бизнис интересите на илјадници компании членови и ги поврзува со над 1000 национални, регионални и интернационални институции и организации.

 

Визија

  • Водечка македонска деловна мрежа
  •  

    Мисија

    • Зголемување на конкурентноста на компаниите и организациите членови на ССК, унапредување на македонското деловно опкружување и зголемување на продажбата на производите на своите членки на глобалниот пазар.

ЗОШТО ССК ?

Сојуз на стопански комори на Македонија Ви овозможува пристап до информации, бази на податоци, едукација за претприемништво, правни совети, Ви помага во пронаоѓањето на деловни партнери, Ве известува за домашни и меѓународни тендери, овозможува настапи на саеми, обезбедува информации за извори на финансирање. Делувајќи во рамки на секторските комори, компаниите влијаат на промена во регулативата, коморските контакти се поддршка во контактите со државните институции, како и добра препорака во активностите за јавни набавки, во Република Македонија или интернационално. ССК ги познава условите за соработка и бизнис на сите странски пазари и вмрежена е со економски асоцијации и институции ширум светот.
 

 

29 Комори

 

6000+ реализирани проекти

На Вашиот пат кон успехот ќе се соочите со многу предизвици затоа што тоа е составен дел на деловното работење. Во сите овие ситуации, не двоумете се да ни се обратите, преку Вашата секторска комора или координатор.

Сојуз на стопански Комори на Македонија е Ваш партнер во бизнисоти вработените на Комората се достапни за сите потребни бизнис информации и услуги.
 
Сојуз на стопански комори на Македонија е институција која ги застапува интересите на сите стопански субјекти членови на комората. Покрај големите компании, а имајќи го предвид фактот дека малите и средни претпријатија се движечка сила на секоја економија и дека нивниот развој, долгорочно гледано, води кон јакнење на целокупната економија, разбирливи се заложбите на ССК за развој и поддршка на малите и средни претпријатија. Развојот на малите и средни претпријатија и на претприемништвото доби своја афирмација во македонското стопанство не само како средство за негување и унапредување на претприемнички дух, туку и за поттикнување на свеста во насока на конзистентната потреба од промени и реформи на економската сцена, како еден од главните приоритети на ССК.

 

Покровители

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
  • 12
  • 13
  • 14
  • 15
  • 16
  • 17

Партнери

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7

Институции

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4

Компанија на неделата

  • 1

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не