gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

ССК дел од Форум за локален економски развој на Општина Илинден

Форумот за локален економски развој на општина Илинден одржа состанок во Домот на култура „Илинден“. Пред присутвните стопанственици од општина Илинден, владините институции, невладини организации и претставници на локалната самоуправа, свое обраќање имаше  Градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, а за реализирани акциони чекори и активности од Стратешкиот План за Локален Економски развој на Општина Илинден елаборираше Дејан Богдановски–Раководител на одделението за лер и јавни дејности

На панел дискусијата свое излагање имаше Александар Зарков, оперативен директор на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), кој истакна дека задоволството е големо што  голем дел успешни компании од општина Илинден се членови на Сојузот.   Сојуз на стопански комори на Македонија е најголемата независна деловна организација во Република Македонија која ги промовира и застапува бизнис интересите на повеќе од 20.000 компании членови и ги поврзува со над 1000 национални, регионални и интернационални институции и организации. Мисијата на ССК е зголемување на конкурентноста на компаниите и организациите членови, унапредување на македонското деловно опкружување и зголемување на продажбата на производите на своите членови на глобалниот пазар.

На Форумот, меѓу другото, ќе бидат разгледани реализираните акциони чекори и активности од Стратешкиот план за Локален економски развој на Општина Илинден, а е предвидена и отворена дискусија за можностите за подобрување на условите за инвестирање, во насока на создавање на квалитетни услови на живеење, работење и унапредување на животниот стандард.

Форумот за Локален економски развој е формиран во 2005 година, по што беше изработен првиот Стратешки план за локален економски развој на Општина Илинден 2006-2011 година. Учеството на претставници на бизнис заедницата, на владините институции, невладините организации и претставници на локалната самоуправа, придонесуваат за одржлив економски и социјален развој на Општина Илинден.

Прочитано 621 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не