gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

ССК ја проширува регионалната мрежа во соработка со планските региони

Велес – Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), продолжува со регионалните активности во насока на креирање на поволни услови за работа на бизнис секторот. Извршниот директор на ССК, Митко Алексов, потпиша меморандум за соработка со раководителот на Центарот за развој на Источниот плански регион, Драгица Здравева и со раководителот на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион, Марко Колев. Целта е да се поттикнат и развиваат сите облици на соработка со двата региони со цел јакнење на капацитетите во локалната и руралната заедница, бизнис секторот, стимулирање на развојот на локално и регионално ниво, јакнење на принципот на jавно приватно партнерство и делување за подигање на квалитетот на живеење.

Со меморандумот ја зацврстуваме нашата деловна соработка за  континуирана размена на бизнис информации, статистики, организација на саеми, трибини, бизнис форуми, како и можност за заедничко аплицирање на проекти, истражување и развој. Исто така, компаниите ќе имаат можност да се информираат за европските фондови кои се наменети за регионите за подигнување на конкурентноста и иновативноста на самите компании“, изјави Алексов

ССК преку своите осум Регионални комори во Охрид, Битола, Велес, Куманово, Тетово, Дебар, Струмица и Штип делува во насока на што поголем проток на информации за олеснување на работата на тамошните компании со цел подобрување на бизнис климата во овие градови.

Остварувамe редовна соработка со општините во Република Македонија, каде во повеќето со меморандум за соработка имаме формирано деловни клубови, за поврзување на бизнисот со локалната самоуправа. Исто така, во оваа насока декуваме и преку проектот кој го спроведуваме заедно со ЗЕЛС за Регионална сертификација на општините  со поволно деловно опкружување - „BFC SEE“. Сите активности се со цел креирање поволни услови за работа на бизнис секторот во општините, зголемување на инвестициите, ефикасност на администрацијата, соодветна инфраструктура и партнерство со индустријата“, изјави Алексов.

Сојузот на стопански комори на Македонија е водечка македонска деловна мрежа со повеќе од 20.000 членови, претставува 29 стопански комори и над 30 групации, здруженија и асоцијации.

 

Прочитано 222 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Мит.Теодосиј Гологанов 1

Следете не