gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

ССК ги промовира билатералните можности за развој на зимскиот туризам

Според Меморандумот за соработка што го потпишаа денеска  Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и туристичката организација „Златибор“ од Србија, понудите ќе важат за двете сезони, и за летната и за зимската, а ќе бидат промовирани во март 2017.

Целта на Меморандумот, е да се зголеми соработката меѓу двете земји.

„ ССК ја проширува билатералната соработка на регионален план. Потпишувањето на Меморандумот со кој македонските туристи ќе добијат специјални цени за престој во најпосетуваниот зимски центар во Србија, е резултат на неколкумесечниот ангажман на ССК во чии рамки организиравме средби со амбасадорите на Србија, Црна Гора, БиХ и Албанија“, изјави заменик-претседателот на ССК Драган Митковски.

Тој дополни дека со реализацијата на активностите предвидени во Меморандумот, очекува да се зголеми обемот на српските и македонските туристи на двете страни.

„Протоколот е само почеток на нашата соработка и ќе ги унапреди односите кои веќе се добри. Преку него на македонските туристи ќе им ги претставиме попустите за посета на Златибор“, нагласи директорот на Агенцијата Владимир Живановиќ.

Минатата година, посочи, бројот на македонските гости значително се зголемил што е дополнителен стимул за уште поефикасно претставување на овој пазар.

Златибор годишно го посетуваат околу 3.000 македонски туристи. За претстојните новогодишни празници се веќе договорени три автобуси само од една агенција, но домаќините очекуваат многу повеќе.

Овој туристички центар е меѓу најатрактивните во Србија, годишно привлекува до 250.000 гости.

Прочитано 487 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Мит.Теодосиј Гологанов 1

Следете не