gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

ССК: Стабилност во новата година за економски раст

23.12.2016, Скопје –  Македонската бизнис елита, претставници на дипломатскиот кор и на институциите, професори, новинари, во свечена атмосфера во најдобриот best business - хотел Мериот беа дел од предновогодишен настан на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК).

На настанот се истакна дека особено важно е на крајот на секоја година да се даде признание за сработеното и истото да се поздрави, но и да се извлече поука од  изминатата 2016 година и сите фактори кои допринесоа за стагнација на бизнисот, инвестициите и економијата воопшто. На крајот од оваа година бизнис секторот апелира за стабилност во 2017 година како услов за економски раст.

ССК во соработка со сите општествени фактори во земјата, во изминатата година реализираше значајни партнерства. Воедно и преку поддршка на претприемачите континуирано работи на следење и имплементирање на најновите светски трендови во сите сектори преку едукација на бизнис заедницата.

Бројните гости, во пријатно расположение и музика, ги поздравија бредовите кои постигнаа значаен успех на домашниот и интернационалните пазари во 2016 година Пивара Скопје, Винарија Стоби, Дени Интернационал, Голден Арт, Агроунија, Стентон Градба и Чеза Комерц.

ССК постави стандарди за соработка во насока на  подобрување на деловниот амбиент и претставува најсилен глас на бизнис секторот. Сојузот на стопански комори на Македонија е водечка македонска деловна мрежа со повеќе од 20.000 членови, претставува 29 стопански комори и над 30 групации, здруженија и асоцијации

Прочитано 623 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не