gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Четири компании наградени за најуспешни - Претприемачи на годината 2016

27.12.2016 година - Традиционално и годинава на јубилејното 10. издание на престижната манифестација „Претприемач на годината“ беа доделени наградите на најуспешните  претприемачи на микро и мали претпријатија во Република Македонија.

Во категоријата мали претпријатија првата награда му припадна на Деан Бадаревски од „Софа студио“ - Скопје, додека втората награда му припадна на Васко Брдаровски од „Евросуровина ПА“ - Битола.

Во категоријата на микро претпријатија добитник на првата награда е Хашим Хасани од „Хотел Скардус“ – Тетово, додека втората награда ѝ припадна на Биљана Кукловски од „Чоко авијаторс“ - Скопје.

Наградите ги доделија претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска, извршниот директор на Македонска развојна фондација на претпријатијата (МРФП), Тетјана Лазаревска, претседателот на Стопанска комора на северозападна Македонија (СКСЗМ), Неби Хоџа, како и Бојан Јовановски од Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење.

Претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија, Арсовска, истакна дека признанието за претприемачите е од голема важност, поаѓајки од фактот дека стопанството подолго време се соочува со многу предизвици.

Во услови на две годишна политичка неизвеснот, надворешни влијанија на мигрантската криза, како и потешкотиите во економиите на соседните земји многу е важно да ги поздравиме компаниите кои три години по ред континуирано бележат раст со што успеаа да влезат во категоријата на најдобри мали и микро претпријатија“, изјави Арсовска.

На настанот свое обраќање имаа и директорот на МРФП, претседателот на СКСЗМ  како и министерот за економија Дритон Кучи, кој истакна дека сите бизнисмени кои во денешни услови водат бизнис заслужуваат честитки.

Манифестацијата „Претприемач на годината“ како иницијатива на Сојузот,  одбележува десетгодишен јубилеј. Вкупно 40 претприемачи биле наградени во овој период, а Министерството за економија додели вкупно шест специјални награди. Идејата на организаторите во сите овие години беше да се поттикне претприемачкиот дух во земјата, преку промоција на успешни примери.

Претселекцијата за избор на „Претприемач на годината – 2016“ беше направена врз основа на податоците од Централниот регистар на РМ. Имено, 56 микро и мали претпријатија, во периодот од 2013 до 2015 година, имаат реализирано раст по основ на број на вработени, вкупни приходи, добивка и инвестиции.

Главни организатори на Претприемач на годината 2016 се Сојузот на стопански комори на Македонија, Македонската развојна фондација за претпријатија и Стопанската комора на северозападна Македонија. Ко-организатор е Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење. Институционален покровител е Министерството за економија на Република Македонија. Спонзор на настанот е Штедилница Можности.

 

Прочитано 681 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не