gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

ССК: Со активни мерки до поддршка на жените во приватниот сектор

Во Сојузот на стопански комори на Македонија се одржа промоција на активните мерки за поддршка на жените во приватниот сектор.  Слободанка Алексовска, Директор на Центарот за вработување Скопје истакна дека стапката на невработеноста е на најниско ниво од 23,4%.

Во мерките за вработување кои што ги спроведуваме се внимава најмалку 30% да бидат застапени жените, иако овој процент помалку или повеќе во зависност од мерката се надминува. Во период од 2007-2016 година вкупно во сите мерки и услуги за вработување имаме апликации од над 51651 лица жени, од нив 22544 се во работен однос, тоа покажува дека над 50% се жени. За истиот период во многу од мерките имаме големо учество на жените, во мерката самовработување нивното учество е над 35,8%, во мерката самовработување со кредитирање над 33,3% се жени, ова се показатели кои укажуваат дека претприемачкиот дух кај жената е на високо ниво. Во мерката практиканство 2098 млади невработени лица од женскиот пол добиле пракса или учеството на жените овде е над 66,5%, обуки за општи вештини за странски јазици и компјутери се посетени од 67.7% од жени, во мерката обука кај познат работодавач се вработени над 75.1% жени и во сите мерки нивното учество е на високо ниво“, изјави Алексовска.

Оперативниот директор на Сојуз на стопански комори на Македонија, Александар Зарков,  истакна дека бројни се компаниите водени од жени, кои здружено делуваат во насока на подобрување на деловното опкружување.

Со цел подобрување на работата на жените во приватниот сектор и нивна промоција, во рамки на Сојузот, формирана е и активно придонесува со свои предлози и мерки Групацијата за жени претприемачи.  Групацијата брои над 300 членови, поточно жени на високи позиции во корпоративниот свет, но и жени сопственици на бизнис. Заеднички успеваме да придонесеме во стимулирање на одредени програми кои имаат за цел да ги поддржат жените во тековното работење преку реализација на наменски обуки за жените претпреимачи и имплементација на различни проекти за поддршка во процесот на добивање на консултантски услуги и пристап до финансии за компаниите раководени од жени“, изјави Зарков. 

Валентина Дисоска, претседател на Здружението на бизнис жени истакна дека  континуирано работат на економско јакнење на жената преку зајакнување на неколкуте клучни моменти, како што се женското претприемништво, жените на менаџерски пизиции, согледувањето и решавањето на проблемите со родовиот јаз во платите.

Познато ни е дека жените поретко од мажите преземаат бизнис потфати, а уште помалку жени преземаат технолошки интензивни деловни потфати, коишто би резултирале со поголеми обрти и поголеми добивки. Исто така, согледуваме дека жената е малцинство во управувачките структури колку е нивото на управување повисоко, толку е помал бројот на жени“, изјави Дисовска.

Прочитано 253 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Мит.Теодосиј Гологанов 1

Следете не