gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Нови 170 големи обврзници за поефикасно даночење

Претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска, присуствуваше на настанот на Управата за јавни приходи на кој нови 170 компании станаа корнисници на Дирекцијата за големи даночни обврзници на Управата за јавни приходи (УЈП), со што бројката се искачи на вкупно 435 корисници на услугите на оваа Дирекцијата, кои создаваат 44,42 проценти од приходите во Буџетот на РМ. 

Корисници се компании од нафтена индустрија, енергетскиот сектор, металургијата, банките, осигурителни и лизинг комлпании, јавни претиријатија, како и компании кои вршат општествено значајни дености и странски инвестиции кои работат во ТИРЗ.

Бројот на фирми кои се квалификуваат како големи даночни обврзници е за три пати поголем од 2006 година кога беше формирана Дирекцијата. Ова говори доволно за развојот на капацитетите на Дирекцијата но и за економскиот развој на земјата“, рече министерот за финансии Кирил Миноски денеска на Конференција организирана по повод влегувањето на новите даночни обврзници во оваа Дирекцијата.

Тој додаде дека големите претпријатија имаат значајно влијание на растот и развојот на економијата. Како што истакна, тие се креатори на голем број работни места, носители на технолошкиот прогрес, на извозот и растот на БДП.

Миноски истакна дека во изминатиот период се направени голем број реформи за поедноставување на стопанисувањето во оваа сфера и оти бројот на процедури за плаќање на даноците од 54 во 2006 се сведени на седум процедури, а ефективната даночна стапка од 40 проценти е намалена на 13 проценти.

Времето, посочи Миноски, за плаќање даноци е далеку пониско од просекот на земјите од Европа и Централна Азија и просекот на земјите на ОЕЦД. Плаќањето даноци се врши целосно преку електронски систем со што постапката освен што е значително поетноставена, таа е и доста поефикасна и поефтина.

Од 2006 година, додаде министерот за финансии, е воведен концептот на рамен данок и се намали стапката  на персонален данок на доход и на добивка на 10 проценти, кој не се промени и во време на светската економска и должничка криза и во време на внатрешно-политичката криза.

Дирекцијата, како што рече директорката на УЈП Анастасија Илиеска бележи континуиран раст на корисници која денес изнесува 435, споредено со 2006 година кога броеше 133 корисници.

Прочитано 766 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не