gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Можност за учество на Интернационалниот саем за туризам Arabian Travel Market, Dubai

Сојуз на стопански комори на Македонија во соработка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија Ве известува дека ќе учествува на Интернационланиот саем за туризам Arabian Travel Market, Dubai, во период од  24-27 април 2017 год.

Според Упатството на АППТ на РМ за начинот и постапката за учество на интернационални саемски манифестации за туризам, право за учество имаат:

  • Хотели,
  • Туристичка агенција со лиценца А
  • Ресторани,
  • Општини,
  • Национални паркови,
  • Здруженија, асоцијации и комори од областа на туризмот,
  • Компании/институции на покана на АППТ.

Учеството е на следниот начин:

Учесниците правото на учество на интернационалниот саем го стекнуваат за закуп на едно работно место (пулт) и една маса за преговори со две столчиња, а тоа предвидува:

  • Монтажа и демонтажа на опрема на штандот
  • Осветлување и оддржување на хигиената на штандот
  • Обезбедување на една влезница на саемот за сите денови
  • Вклучување во официјалниот каталог, користење на остава и гардероба,
  • Натпис и лого на Учесникот на работно место (пулт) со кој е склучен Договорот
  • Износот на котизацијата за учество е во висина од 30.000,00 денари без ДДВ .

Потребни документи за учество се следните:

  • Пополнет Формулар со печат и потпис ( во прилог на овој емаил)
  • Тековна состојба од Централен регистар
  • Лиценца А за туристички агенции

 Напомена 1: Учеството на саемскате манифестација треба да го потврдите во писмена форма со доставување на следните документи:

  • Формулар за учество потпишан и со печат
  • Доставување на лиценца А за туристичките агенции
  • Доставување на тековна состојба од централен регистар

Бројот на пултови е ограничен и ќе се оди по принципот кој прв се пријавил!

Рок за пријавување до 17ти февруари 2017 на емаил Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Прочитано 389 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Мит.Теодосиј Гологанов 1

Следете не