gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

ПроКредит стана првата банка со меѓународен сертификат за управување со животна средина

ПроКредит банка успешно го заврши процесот на сертифицирање на системот за управувње со животна средина со меѓународниот сертификатот ISO 14001 – 2015. Процесот на сертификација беше изведен во текот на декември 2016 со што ПроКредит стана првата банка во Македонија со ваков сертификат.

Интергрален дел од клучните вредности на ПроКредит е системот за управување со животна средина со кој банката континуирано придонесува кон намалување на негативниот импакт на околината. Ефикасното користење на ресурсите во интерните процеси е една од основните причини за намалување на CO2 емисиите во воздухот кој ги емитува секој деловен објект. Чинот на сертификација претставува потврда за успешно воспоставениот систем и институционалната пракса на оддржливо деловно работење од аспект на животната средина и усогласеност со домашните и меѓународните стандарди за зачувување на околината.

„Нашата посветеност кон заштита на животна средина може да се согледа преку активностите кои ги применуваме во секојдневното работење. Воведовме електрични возила во нашиот возен парк и со новите две кои ги очекуваме во првата половина од годината ќе располагаме со вкупно седум возила. Користиме обновливи извори на енергија за греење, ладење и производство на струја со што придонесуваме кон намалување на негативното влијание кон околината. Во континуитет имплементираме мерки за ефикасно користење на енергијата и ресурсите кое резултираше во намалена потрошувачка на хартија за 70% и енергија за 40% за последните три години”, изјави Методија Миноски, одговорен во одделот за Управување со животна средина во ПроКредит банка.

Дополнително, ПроКредит банка има пласирано преку 35 мил евра во кредити за инвестиции кои имаат позитивен придонес кон заштитата на околината, заштедата на енергија и искористување на обновливи извори на енергија и е првата банка во Македонија која нуди еко штедење.

Прочитано 164 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Мит.Теодосиј Гологанов 1

Следете не