gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Саем за градежништво и недвижности во Скопје

Четиринаесеттотот издание на Меѓународен саем на градежништво, градежни материјали и градежна механизација и седмиот RealExpo – Меѓународен саем на недвижности, беше отворен денес и ќе трае до 4 март.

На свеченото обраќање пред присутните се обрати претседателот на Градежната комора на Македонија, Роберт Хот.  На Саемот на градежништво се нудат и продаваат производи и услуги за работа, одржување, модернизирање, реновирање и опремување објекти и имоти. Бројот на изложувачи и оваа година е голем, а компаниите ќе бидат распоредени во три саемски хали.

Во фокусот на овој саем е енергетската ефикасност, градежните компании кои во најголем дел се членови на Градежната комора на Македонија, и ги следат најновите трендови во секторот, комбинирајќи ја модерната технологија со врвниот квалитет.

На  свеченото отварање се обратија и извршниот директор на Скопски саем, Даниела Глигоровска, Директорот на Агенцијата за енергетика, Александар Дуковски и Швајцарската амбасадорка во Македонија, Сибил Сутер Тејада.


На Саемот за недвижнини – RealExpo учествуваат голем број на компании кои ќе ги изложат своите понуди за станбени објекти. На овој саем посетителите имаат можност да разгледаат голем опус на станови како една од најважните животни одлуки.

За време на саемот, експерти од областа на енергетската ефикасност ќе ги презентираат мерките и придобивките од воведување на системи и методи за енергетска заштеда. Енергетската ефикасност полека станува значаен дел од градежната индустрија и заинтересираните граѓани за време на саемот ќе ја имаат можноста да се запознаат со најдобрите начини за заштеда на енергија во објектите.

Прочитано 431 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Мит.Теодосиј Гологанов 1

Следете не