gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Претседателот на ССК оствари средба со амбасадорот на Аргентина

Претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија г-ѓа Данела Арсовска, одржа средба со Амбасадорот на Аргентинската Република, Н. Е. Алберто Труеба.

На средбата се дискутираше за зголемување на потенцијалите за соработка меѓу стопанствениците од двете земји. Особено беше истакната можноста за продлабочување на соработката во секторот земјоделството, како и заеднички вложувања. Република Македонија може да претставува и влезна врата на аргентинските стоки во регионот на Југоисточна Европа, со поволности кои бизнис-заедницата на Аргентинската Република би можела да ги искористи.

И покрај географската оддалеченост на двете држави, постои заедничка желба и голем потенцијал за уште посеопфатно и посодржинско развивање и унапредување на меѓусебните односи и соработката.  Од бизнис аспект и Аргентинската Република како приоритети ги има зголемување на извозот на компаниите и привлекување странски инвестиции.

Македонскиот увоз од Аргентина се движи околу 14,5 милиони евра и тоа во најголем дел увоз на ослиќ, кикирики, рибни филети, а од Македонија извезуваме тутун.

Сојузот на стопански комори на Македонија, негува одлична соработка со дипломатските претставништа од целиот свет.

Прочитано 560 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Мит.Теодосиј Гологанов 1

Следете не