gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

ССК потпиша меморандум за соработка со италијанската ACCOA

Претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска, потпиша меморандум за соработка со претседателот на Сојузот на комори (ACCOA) од Италија, Џан Карло Дамир Мурковиќ.

Целта на потпишаниот меморандум за соработка е во насока на поддршка на италијанските компании кои сакаат да соработуваат со компаниите од Република  Македонија, како и поддршка на македонските компании кои сакаат да започнат нови или да ги продлабочат постоечките трговски односи со компании од Италија.

Двете комори во 2017 година ќе ја зацврстуваат бизнис-соработката и преку заеднички Б2Б средби и бизнис форуми, како и размена на потребни информации за продлабочување на деловната соработка.

ACCOA веќе 50 години активно ги застапува економските врски меѓу компаниите од Италија и земјите од Централна и Источна Европа, во координација со големите меѓународни, национални и локални организации и органи. Италија е меѓу петте најголеми трговски партнери на Републка Македонија.

Прочитано 301 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Мит.Теодосиј Гологанов 1

Следете не