gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Ева Богоевска и ОБСЖ склучија партнерски договор

Македонскиот виртуоз на виолина од светски ранг ‒ Ева Богоевска ‒ и Охридска банка Сосиете Женерал склучија партнерски договор

Охридска банка Сосиете Женерал и младата виолинистка Ева Богоевска ја најавија заедничката соработка со потпишување на партнерски договор во дирекцијата на  Охридска банка Сосиете Женерал во Скопје.

Следејќи ја глобалната стратегија за спонзорства на Сосиете Женерал Групацијата за промоција, унапредување и поддршка на музиката преку Асоцијацијата за музичко меценство на Сосиете Женерал (Association Mécénat Musical Société Générale), Охридска банка Сосиете Женерал ќе биде верен поддржувач, промотор и партнер на Ева во претстојните предизвици во нејзината кариера.

„Поддршката на музиката најнапред подразбира поддршка на младите музичари. Талентите на денешницата, се предодредени да станат еминентни и препознатливи носители на музичката култура во иднината. Дел од нашите активности од аспект на промоција на општествено одговорни иницијативи е и поддршката на млади и амбициозни македонски потенцијали, а особено ни е мило што ја имаме можноста да имаме барем мал удел во исполнувањето на сонот на исклучително талентираната Ева. Во ова партнерство влегуваме со тенденција, покрај промовирањето на компанијата како општествено одговорна компанија, да ѝ ја обезбедиме на Ева сета наша поддршка и познавање на светот на музиката на ниво на групацијата Сосиете Женерал, бидејќи токму тоа е она што вистинскиот партнер би го направил“, изјави при средбата Стефан Туати, член на Управниот одбор на Охридска банка Сосиете Женерал и директор на Сектор банкарство за население и маркетинг.

Првиот во низата настапи на Ева е претстојниот настап во „Карнеги хол“ во Њујорк во април годинава, што е награда за нејзиното искачување на првото место на пиедесталот на фестивалот „Rondo Young Artist“ во конкуренција на повеќе од 200 кандидати од целиот свет во категоријата виолина.

„На многу реномирани меѓународни натпревари за класична уметност и култура, во конкуренција на натпреварувачи, претставници од сите земји во светот, досега успевав да ги освојам првите места, поради што сум особено среќна и горда. Секоја моја победа на меѓународен фестивал ја доживувам не само како мој личен успех туку и како успех на нашата земја. Среќна сум што досега успевав да ја оправдам довербата на сите кои веруваа во мене и кои ме поддржуваа. Во таа смисла би сакала и да се заблагодарам на довербата и поддршката што ми ја даде Охридска банка Сосиете Женерал, бидејќи оваа поддршка е од огромно значење за мене како млад уметник кој ги освојува светските сцени. Ми претставува особена чест и задоволство да соработувам со Охридска банка Сосиете Женерал и, секако, оваа соработка за мене значи и дополнителен мотив да продолжам со успешната афирмација на нашата култура во светот и кај нас“, изјави Ева Богоевска.

Како општествено одговорна компанија, Охридска банка Сосиете Женерал активно учествува во промоцијата на вистинските вредности преку зачувување на традицијата, преку афирмација на културата, музиката и спортот и преку поддршка за ранливите категории на граѓани.

Повеќе информации за Охридска банка Сосиете Женерал се достапни на www.ohridskabanka.mk.

Прочитано 501 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не