gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Брако го освојува светскиот пазар

Постигнувајќи договор за соработка со интернационалната компанија Green Machine, велешката компанија Брако доби лиценца и започна со производство на возила за чистење на градски улици. Уште во првата година на производство, Брако има склучено нарачки за повеќе од 200 возилакои ќе бидат наменети за градови ширум светот.

Возила кои први ја напуштија производната линија на Брако се моделите GM5 и GM6. Тие се возила со кабина и контејнер со волумен од 1,2м3. „Зелениот“ GM5 камионе придвижен од електричен мотор и не остварува било каква емисија на штетни гасови, а GM6 работи на високоефикасен дизелски погон со исклучително ниска емисија на CO2. Овие возила ќе бидат забележани во голем број на градови низ земји како САД, Кина, Англија, Германија, Белгија и Данска. Во наредниот период, очекуваме официјално промовирање на уште 2 помали возила без кабина како додаток на производното портфолио на компанијата Брако.

Континуираните вложувања кои компанијата ги спроведува во зголемување на своите производни капацитети резултира со голема препознатливост на Брако како докажан производител  застапен во различни индустриски гранки, како во Македонија, така и во светски размери. За тоа говори последната инвестиција од 4,5 милиони евра во целосно компјутеризирана хала опремена со високотехнолошки машини која се очекува наскоро да биде пуштена во употреба. Со оваа инвестиција, целосното производство во Браково текот на наредните години ќе биде зголемено,

Познатата македонската компанија Брако која е основана во 1947 година во Велес, со комплетно ревитализиран и обновен машински парк претставува лидер во производството нажичани производи и медицински помагала на Балканот. Отвoрањето на новите производнилиниии растот на целокупното производство резултира со нови вработувања и голем придонес кон севкупниот економски развој во регионот.

 

Прочитано 303 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Мит.Теодосиј Гологанов 1

Следете не