gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

ССК со поддршка на Меѓународниот празник на Франкофонијата

Со регионален форум и изложба во Младинскиот културен центар денеска се одбележува Празникот на Франкофонијата, во организација на Францускиот институт во Скопје.

Сојуз на стопански комори на Македонија присуствуваше на форумот и организацијата на тркалезните маси за францускиот како јазик за меѓународна кариера, францускиот како јазик за вработување на младите и универзитeтски франкофонски програми достапни во Европа. Учесници беа високи претставници од европската делегација, Амбасада на Швајцарија, CCIP, бизнис сектор и универзитети, а свое обраќање имаше и Амбасадорот на Република Франција во Република Македонија, г. Кристијан Тимоние.

Во рамки на фото натпреварот „Освен тоа, зборувам и француски!“, доделени беа награди на тројца млади автори на најдобри фотографии, а наградите беа доделени од TB5 Monde, Literatura.mk и Охридска банка, компанија член на Сојуз на стопански комори на Македонија.

Прочитано 296 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Мит.Теодосиј Гологанов 1

Следете не