gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Повик за аплицирање за добивање на признанието: Македонски Квалитет 2017

 

ПОВИК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
за стекнување на признание

 

Почитувани,

Сојуз на стопански комори на Македонија објавува Повик за аплицирање за стекнување на Признание за МАКЕДОНСКИ КВАЛИТЕТ 2017. Ова признание Сојуз на стопански комори на Македонија, под покровителство на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија го доделува секоја година, во знак на промоција на деловните успеси на компаниите во Република Македонија.

Комисија составена од членови на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија согласно прецизно воспоставени критериуми, внимателно ги селектира македонските компании кои имаат традиција во создавање на македонски бизнис идентитет и се амбасадори кои успешно го промовираат македонскиот квалитет на национално и интернационално ниво за што традиционално се доделува Признание за Македонски квалитет.

Согласно воспоставените критериуми ќе бидат доделени 10 признанија за Македонски квалитет за 2017 година.  Оваа манифестација претставува традиционален настан кој се одржува во знак на оддавање признание и промовирање на деловните успеси на македонските компании за тековната година. Признанија за Македонски Квалитет во 2016 година беа доделени на компаниите: Конти Хидропласт, Специјал Продукт, Мирана, Кодинг, Термалифт, Компанија Велкоски, Грин Агро, Голден Арт, Те-Те Пласт и Ансамбл Македонија.

Компаниите кои се заинтересирани да аплицираат за признанието МАКЕДОНСКИ КВАЛИТЕТ 2017, потребно e да ги исполнуваат дадените критериуми во прилог, да ја пополнат пријавата и да ја достават на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., најдоцна до 1 јуни 2017 година.

Со почит,

Сојуз на стопански комори на Македонија

 

Прочитано 734 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не