gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Покана за учество на SheTrades и Pure London

Сојуз на стопански комори на Македонија и Здружението на бизнис жени како партнер на International Trade Centre  за Jугоисточна Eвропа, Ве покануваат да бидете дел од  ITC  и преку SheTrades Connect да бидете присутни на Pure London настанот кој што е еден од најпосетените настани за облека и модни додатоци во Европа.

SheTrades  и  Pure London, претставуваат најголемиот собир на мода и купувачи во Велика Британија, за обувки, додатоци и ready to wear колекции од над 1.000 брендови и дизајнери на средна и висока мода. SheTrades Connect се обврзува да им обезбеди на жените претприемачи (WBEs) добра подготвка за искористување на предностите на трговските можности и има за цел да ги изгради WBEs капацитетите за да можат да ги исполнат барањата на купувачите.

Ве покануваме преку искористување на оваа можност, да се промовирате во светски размери со што ќе ја проширите Вашата мрежа и ќе го искористите Вашиот висок потенцијал за раст како деловни жени во секторот текстил и облека.

Приклучете се на SheTrades за време на Pure London, не ја пропуштајте оваа можност доколку ги исполнувате критериумите подолу, пријавете се за да добиете соодветна обука, да учествувате на Pure London и се сретнете со Вашите потенцијални купувачи.

23-25.07.2017-SheTrades Connect Pure London - London, Great Britain (http://www.purelondon.com/)


Кој може да аплицира:

  • мнозинството на компаниии чии сопственички се жени; од жени управувани и контролирани претпријатија; компании кои се законски регистрирани и оперативни; компании од земји / економии во транзиција и од земјите во развој; работат во полето на текстил и
  • жените претприемачи кои би сакале да ги изложат на Pure London нивните најнови колекции пролет / лето;
  • компаниите кои може да ги покријат патните трошоци до Велика Британија, сместување и други трошоци на сајтот, кои не се опфатени од ITC и мора да се обезбедат од страна на учесниците;
  • кандидати кои се способни да комуницираат на англиски јазик.

Придобивки од Вашето учество:

  • ITC ќе обезбеди изложбен простор за избраните жени претприемачи да се претстават на Pure London;
  • ITC ќе обезбеди поддршка и обука за изградбата на капацитетот на учесниците;
  • ITC ќе помогне во идентификувањето на нови можности за партнерства и нови пазари;
  • ITC ќе помогне на компаниите да им излезат во пресрет на потенцијалните нови купувачи, глобалните играчи и инвеститори.

Како да се аплицира:

- поради ограничениот обезбеден простор, пријавете се што поскоро, со рок до 31.03.2017, петок, па соодветно на тоа ќе Ви биде испратен линк за пополнување на онлајн формулар за апликација, кој треба да се пополни најдоцна до 3-ти април 2017 година.

Ве молиме имајте предвид дека апликациите ќе одат преку конкурентен процес на селекција и само избраните жени претприемачи ќе бидат контактирани од страна на ITC.
За сите понатамошни информации Здружението на бизнис жени Ви е на располагање за консултации, помош и посредување.

Прочитано 302 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Мит.Теодосиј Гологанов 1

Следете не