gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Одржана обука - Како до финансии од Фондот за иновации и технолошки развој

Сојуз на стопански комори на Македонија, во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој на Република Македонија, организираше обука за инструментот Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт ап и спин оф во чии рамки се доделуваат финансиски средства до 30.000 евра, како и Кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации во чии рамки се доделуваат финансиски средства до 100.000 евра.

Преку спроведување на обуката, компаниите  имаа можност да се информираат за правилата, процедурите за поднесување на предлог проекти за финансирање по основ на четвртиот повик, како и потребната придружната документација, процесот на подготовка на предлог проекти и за многу други корисни информации од оваа област кои се однесуваат на критериумите (креативност, квалитет на проектот, капацитет на проектниот тим) кои компаниите треба да ги исполнат како би можеле да аплицираат за средствата во рамки на овие инструменти.
 
Обуката се спроведе преку интерактивна дискусија, и учесниците  имаа можност да дискутираат и поставуваат прашања.

Прочитано 398 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Мит.Теодосиј Гологанов 1

Следете не