gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Арсовска: Македонската економија во фокусот на 20. Евроазиски самит

Истанбул –  На 20. Евроазиски економски самит во Истанбул, Турција, претседатели на држави и влади, како и истакнати високи владини претставници дискутираат за раскрсницата на човештвото и предизвиците во економијата.

По покана на претседателот на ИМФ, како специјален панелист на 20. Евроазиски економски самит, се обрати г-ѓа Данела Арсовска, претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија.  Арсовска, дискутираше во рамки на сесијата посветена на заканата од тероризмот и принудна миграција,  со кои се соочува Република Македонија, а кои имаат влијание врз националната економијата, на заедничка сесија со министерот за индустрија и енергија на Азербејџан г. Натик Алиев, поранешниот премиер на Романија Н.Е. Виктор Понта и поранешниот вице канцелар на Австрија г. Ерхад Бусек.

Бизнис секторот во Република Македонија се соочува со голема неизвесност, од една страна од внатрешните фактори, а од друга надворешните, како што се потешкотиите на економиите во регионот и импактот од рецесијата во соседните земји, но пред се мигрантската криза и бранот бегалци кој пристига на нашата јужна граница. Сведоци сме на перманентна криза и на огромни промени кои се случуваат на глобално ниво. Застрашувачки е за иднината на нашата економија, кога пред нас имаме предизвик од непознатото. Оваа состојба делува не само на нашата економијата, туку и на сите европски држави по коридорот 10, преку кризата предизвикана од блокади во патниот и железничкиот сообраќај, а секако длабоко ги погодува секторите енергетика, трговија како и транспортна индустрија. Во вакви услови бизнис секторот меѓународно се воздржува од инвестиции и развој и не ги вложува ресурсите за реализација на планираните проектните активности, што креира дополнителни долгорочни проблеми" изјави  Арсовска во своето обраќање.

Таа додаде дека врз економијата најдиректно влијаат негативните општествени збиднувања, како стравот од заканата од тероризам и принудната миграција, но неопходно е да се надминат овие предизвици со тоа што нема да се дозволи да влијаат на глобалните економски текови.

Потребни се решенија за намалување на притисоците врз бизнисот, бидејќи без економија нема раст, а најзначајниот двигател на економијата е приватниот сектор. Време е сите расположливи ресурси да се здружат и да се делува стратешки кон справување со овие закани со што нема да се дозволи стагнација на економскиот раст", истакна Арсовска.  

Во своето излагање посочи дека потребно е да се движиме напред преку развиена економија во услови на здрава животната средина и преку поголемо искористување на модерната технологија во сите сегменти на животот.

Неопходни се инвестиции во обновливи ресурси, „tele-health”, емоционален инженеринг, оптимално користење на природни ресурси, иновации во телекомуникациите, циркуларна економија. Економско интегрирање во овие области треба да е услов за подинамичен глобален економски развој, во стабилност и континуитет. Како резултат на технолошкиот напредок  да креираме нова додадена вредност, нов производ и можност за бизнис потенцијал. Да ги искористиме расположливите ресурси за да направиме пресврт, заедно да го подобриме животот во 21 век.  Да почнеме од тука, од Истанбул мостот меѓу Европа и Азија “, додаде Арсовска.

Овој стратешки економски самит на највисоко ниво се организира од 1998 година.

Прочитано 663 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Мит.Теодосиј Гологанов 1

Следете не