gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Нови поволности за клиентите на Охридска банка Сосиете Женерал

НАЈ НАЈ Кеш кредит со промотивни услови – без  административен трошок и трошок за апликација

Охридска банка Сосиете Женерал воведува нови промотивни услови за клиентите кои во претстојниот период до 31.07.2017 ќе аплицираат за НАЈ НАЈ Кеш кредитот. 

Имено, во рамките на промотивниот период, клиентите кои ќе го одберат НАЈ НАЈ Кеш кредитот со гарантирана каматна стапка за целото времетраење на кредитот, покрај поволните каматни стапки со вклучено кредитно животно осигурување, ќе бидат ослободени од административните трошоци и трошоците за апликација.

НАЈ НАЈ кеш-кредитот за физички лица е прв на пазарот според своите карактеристики, кој се одликува со стабилна и гарантирана каматна стапка за целото времетраење на кредитот.

За клиентите на располагање се три можности за фиксни каматни стапки, со различни промотивни каматни стапки за првите периоди на кредитот.

Во зависност од желбите и потребите на клиентите, на располагање им се три понуди, односно,

  • првата опција подразбира промотивно намалена каматна стапка од 5,75 % за првите 12 месеци и фиксна каматна стапка од 8,45 % од 13. до 95. месец;
  • втората опција подразбира промотивно намалена каматна стапка од 6,10 % за првите 24 месеци и фиксна каматна стапка од 8,25 % од 25. до 95. месец; и
  • третата опција подразбира промотивно намалена каматна стапка од 6,45 % за првите 48 месеци и фиксна каматна стапка од 7,75 % од 49. до 95. месец.

Каматните стапки се валидни со вклучување на кредитно животно осигурување со осигурителна премија од 0,85 % годишно од износот на кредитот.

Дополнително, сите нови клиенти, кои ќе ги рефинансираат своите долгови со НАЈ НАЈ кеш-кредитот во Охридска банка Сосиете Женерал, покрај промотивните придобивки, ќе добијат и дебитна картичка која за првата година е без без трошоци, како и бесплатно користење на услугите МОЈА БАНКА ‒  Мобилно банкарство, електронско банкарство и СМС-известувања за период од 6 месеци.

Повеќе информации за оваа понуда клиентите можат да најдат на веб-страницата на Охридска банка Сосиете Женерал, www.ohridskabanka.mk, и во експозитурите на Банката ширум земјата.

Прочитано 383 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Мит.Теодосиј Гологанов 1

Следете не