gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Арсовска од Истанбул: Во ера на технолошки напредок човештвото e на крстосница

6  април 2017, Истанбул –  Претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија, г-ѓа Данела Арсовска на вториот ден на 20. Евроазиски економски самит во Истанбул, Турција, беше почесен гостин во рамки на панел сесијата посветена на бројните предизвици со кои човештвото се соочува  во 21 век, заедно со Н.Е. Сафет Софтиќ, претседател на собранието на ИЗ во БиХ, д-р Акан Сувер, претседател на МГФ, Н.Е. Бегјан Какајанов,  заменик министер за економија на Туркменистан и Н.Е. Кенан Храповиќ, министер за здравство на Црна Гора.

На вториот ден од Самитот, свое обраќање имаат и претседателот на Република Македонија, Н.Е. Ѓорге Иванов,  Н.Е. Бујар Нишани, претседател на Република Албанија и Н.Е. Хајнц Фишер, поранешен претседател на Австрија.

Арсовска истакна дека во ера на технолошки напредок  фокусот е изместен и наместо да делуваме кон зголемување на економскиот развој, човештвото е на тест пред предизвици со кои не би требало да се соочуваме во 21 век. Посочи дека, бегалската криза и опасноста од тероризам претставуваат вистински пример за тоа како безбедносните закани  станаа реалност не само за Европа и Азија, туку и за целиот свет. 

„Човештвото на крстосница“ е темата на 20. Евроазиски економски самит во Истанбул каде претседатели на држави и влади, како и истакнати високи владини претставници дискутираат. Овој стратешки економски самит на највисоко ниво се организира од 1998 година.

Прочитано 365 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Мит.Теодосиј Гологанов 1

Следете не