gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Одржана обука: Претприемништво и иновативност

Сојуз на стопански комори на Македонија организираше обука на тема „Претприемништво, Иновативност – Како до поголема креативност во мојата компанија.“ Обуката имаше за цел да ги зајакне капацитетите на компаниите да бидат покреативни со што ќе овозможат создавање на поконкурентни услови за развој на својата компанија.
 
Обуката се спроведе преку интерактивна дискусија, и учесниците  имаа можност да дискутираат и поставуваат прашања.

На обуката беше дискутирано на следниве теми и прашања:

  • Дали компаниите имаат доволно абсорпциона моќ да го имплементираат новото знаење во своето секојдневно работење?
  • Дали компаниите имаат системски приод во препознавање на новите знаења?
  • Дали компаниите системски го стимулираат креативното размислување на своите вработени?
  • Како компаниите ги развиваат новите производи/услуги?
  • Принципи за развој на креативноста во мојата компанија.
  • Која ја гуши креативноста во фирмата?
  • Врска меѓу креативноста и мотивацијата?
  • Поголема креативност = подобри резултати во работењето на мојата компанија

Обуката  ја водеше Проф. д-р Радмил Поленаковиќ, професор по Претприемништво и мал бизнис, Иновациски менаџмент, Менаџмент на човечки ресурси и други предмети на Машински факултет при УКИМ во Скопје.

Прочитано 497 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не