gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Гарантни шеми за кредитирање на мали и средни претпријатија

 

ПроКредит Банка во соработка со Европскиот Инвестициски Фонд (ЕИФ) нуди одлична можност за полесен пристап до финансии за малите и средни претпријатија, преку две гарантни шеми: 
  • InnovFin гарантната шема 
  • Гарантна шема поддржана од Фондот за гаранции на Западен Балкан.

INNOVFIN

Што е  InnovFin гарантна шема и за кого е наменета ?
  • InnovFin е заедничка иницијатива на Европскиот Инвестициски Фонф (ЕИФ) и Европска Унија
  • Иницијативата е замислена да го олесни пристапот до финансии за иновативни проекти
  • Наменет е за мали и средни претпријатија до 500 вработени
  • Наменет е за развојно ориентирани компании и иновативни проекти, компании  кои вложуваат во современи технологии, енергетска ефикасност и го унапредуваат своето работење
  • Под иновација се подразбира инвестиција која е нова за компанијата и која придонесува за модернизација на процесите, економичност и ефикасност
 
Како InnovFin ќе придонесе за нашите клиенти ?
  • Преку InnovFin програмата, ПроКредит Банка овозможува континуирана поддршка на развојно ориентирани клиенти и овозможува подобрување на нивната конкурентност
  • За кредитирање преку InnovFin програмата е потребно помала вредност на обезбедување
Критериуми ?
  • Кредитирање иновативни проекти
  • Помало обезбедување од стандардното
  • Минимален износ на кредит е 30.000 €, максимален 7.5 милиони €

ГАРАНТНА ШЕМА ПОДДРЖАНА ОД ФОНДОТ ЗА ГАРАНЦИИ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН

Што е оваа гарантна шема и за кого е наменета ?
  • Оваа гарантна шема е на заедничка иницијатива на Европскиот Инвестициски Фонд( ЕИФ) и Фондот за гаранција на Западен Балкан
  • Иницијативата има цел да го олесни пристапот до финансии за МСП во Македонија
  • Наменета е за мали и средни претпријатија до 250 вработени
  • Наменета е за краткоточни и долгорочни инвестиции
Како гарантната шема ќе придонесе за нашите клиенти ?
  • За кредитирање преку оваа гарантна шема потребно е помала вредност на обезбедување
  • Дополнително, каматните стапки за кредитите се пониски за 0.25%
Критериуми ?
  • Кредитирање инвестиции во фиксни и обртни средства
  • Максимален рок е 10 години или до 2028 год
  • Минимален износ на кредит е 25.000 €, максимален 500.000 €
 
За повеќе информации контактирајте го Вашиот Советник за Бизнис Клиенти или на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Прочитано 588 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не