gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Скопска Пивара инвестираше 1,4 милиони евра во нова опрема

Пиварницата го зголеми капацитетот за полнење пиво за 30 проценти и сега достигнува и до еден милион шишиња за 24 часа

Скопската пиварница инвестираше 1,4 милиони евра во нова опрема за полнење пиво. Со новата линија, капацитетот за полнење пиво се зголеми за 30 проценти и сега достигнува и до еден милион шишиња за 24 часа. Дополнително, поради својата флексибилност, новата опрема на скопската пиварница и' овозможува повеќе можности и иновации во проширувањето на асортиманот на пакување на пивото во стаклена амбалажа со нови форми и димензии.

„Оваа технолошки напредна опрема отвора ново поглавје во развојот на ’Пивара Скопје’, но и дава нов поттик за развојот на целокупната пивска индустрија“, изјави генералниот директор Јован Радосављевиќ.

Тој нагласи дека со најновото вложување, вкупните инвестиции на скопската пиварница во иновации, модернизација на производството и останатите сегменти, во последните 10 години надминаа 40 милиони евра. Со тоа, според Радосављевиќ, долгорочно се гарантира одржливиот развој на компанијата, се зајакнува нејзината конкурентност, како и силното позитивно влијание врз заедницата и домашната економија.

Новата опрема за полнење пиво во стаклени шишиња е произведена специјално за потребите на пиварницата од страна на германската компанија „Кронес“. Освен што се карактеризира со висока ефикасност, новата линија за полнење е целосно компатибилна со системите за заштеда на вода и енергија во скопската пиварница, што ја потврдува долгорочната определба на компанијата за заштита на животната средина.

Прочитано 298 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Мит.Теодосиј Гологанов 1

Следете не