gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Покана за учество на Македонско - Босански бизнис форум

ПОКАНА
за Ваше учество на

МАКЕДОНСКО – БОСАНСКИ БИЗНИС ФОРУМ

Дата: 20.04.2017 година (четврток)
Локација: Министерство за надворешни работи на РМ
Почеток: 11:00 часот

 
Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) во соработка со Министерството за надворешни работи на РМ Ве поканува да учествувате на Македонско – Босански бизнис форум кој ќе се одржи на 20 Април 2017 година (четврток), со почеток во 11:00 часот, во просториите на Министерството за надворешни работи на РМ, кој се организира во рамки на официјалната посета на Република Македонија од страна на Претседавачот  на претседателството на Босна и Херцеговина, д-р Младен Иваниќ.
 
На следниот линк Ви ја доставуваме листата на компании од Босна кои ќе присуствуваат на форумот и Ве известуваме дека истите се претставници од следните сектори:

  • Земјоделство и прехранбена индустрија
  • Градежништво
  • Металопреработувачка индустрија
  • Туризам

Ве молиме Вашето присуство задолжително да го пријавите најдоцна до 19.04.2017 година (среда) на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
 
За дополнителни информации Ве молиме да не контактирате на телефон: 02 30 91 440, контакт лице: Стефан Манчевски.

Прочитано 124 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Мит.Теодосиј Гологанов 1

Следете не