gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Покана за посета на "China-CEEC Investment and Trade Expo"

Почитувани,

Сојуз на стопански комори на Македонија во соработка со Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, Ве поканува да го посетите саемот „China-CEEC Investment and Trade Expo“ кој ќе се одржи од 08.06 - 12.06.2017 година во Нингбо интернационалниот конференциски и изложбен центар (Ningbo international conference and exhibition center)

На саемот ќе се изложуваат извозни производи од земјите од Централна и источна европа, а присуството на трговци, агенти, увозници, претставници на кинеските дистрибутивната мрежа ви ја дава можноста да се изградат одлични контакти за влезот на кинескиот пазар.

Во рамки на саемот ке се презентираат производи од следните сектори:

  • Храна
  • Козметика
  • Производи со модерен дизајн (стакло, кристали, итн.)
  • Стока за широка потрошувачка за секојдневна употреба
  • Уметнички работи
  • Накит
  • Подароци
  • Здрава исхрана
  • Предмети за домаќинство ...

Од страна на „Ningbo Zhongzhan International Exhibition Co.,Ltd“ кој е овластен и назначен провајдер на услуги за саемот ке бидат обезбеени следните бесплатни сервиси:

  • Транспорт помеѓу интернационалниот аеродром во Шангај и хотели во Нингбо
  • Транспорт помеѓу Нингбо изложбениот центар и хотели.
  • Бизнис ручек
  • Хотелска резервација
  • Нингбо бизнис истражувачки активности

Во поглед за сместувањето, од страна на организаторите се понудени три хотели:

  • SHERATON NINGBO HOTEL (RMB560 per night for Both King room & Twin Room)
  • PORTMAN PLAZA HOTEL(RMB440 per night for Both King room & Twin Room)
  • GOLDEN PORT HOTEL (RMB320 per night for Both King room & Twin Room)

Компаниите кои се заинтересирани за посета на саемот е потребно да ги пополнат а да ни ги достават пополнети формуларите за податоците за летови и избор на хотел кои Ви ги доставуваме во прилог на овој е-маил најдоцна до 28.04.2017 година на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Прочитано 455 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Мит.Теодосиј Гологанов 1

Следете не