gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Туристичката понуда на Македонија промовирана во Дубаи

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија оваа година првпат ја промовираше туристичката понуда на земјава на интернационален саем за туризам во Дубаи. На саемот присутен е претседателот на Туристичко-угостителската комора при ССК , Аркан Керим со компании членови на комората.

Арабиан Травел Маркет (АТМ) е една од најголемите саемски манифестации во Азија на кој Македонија ги претстави своите природни убавини, традицијата, активностите во природа и гастрономскиот туризам.

Од околу 30.000 бизнис посетители и 2800 егзибитори присутни на саемот, Македонија успеа да го привлече интересот на домаќините кои видоа можност за проширување на својата понуда. Потенцијалот за соработка со Дубаи се зголемува поради фактот дека Македонија е поврзана со Дубаи со директната авионска линија Флајдубаи, како и новата линија до Доха, Катар, со Катар Ервејз која почнува со работа од јули оваа година.

Со 24-годишна традиција, овој четири дневен настан е најголем организиран настан за туризам на блискиот исток досега кој успеа на едно место да собере 5 милионска публика. Саемот е организиран со идеја да го одалечи фокусот од приходите генерирани од нафтата и природен гас и да се посвети на поинтензивен развој на туризмот, саемот за туризам во Дубаи претставува двигател на туристичкиот развој не само за Дубаи, туку и за сите земји од заливот.

Прочитано 564 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не