gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Апликантите до крај на јуни ќе знаат дали ќе добијат средства од Фондот за иновации

На четвртиот повик на Фондот за иновации и технолошки равој пристигнати се 59 апликации од најразлични области. За реализирање иновативни решенија ќе се доделат 1.450.000 евра. Најголем дел се во областа информатички и комуникациски технологии. Има апликации и за медицина, фитнес, велосипедизам, дизајн, земјоделство, маркетикнг, видеопродукција, прехранбена индустрија и градежништво.

„Триесет и една апликација се за старт ап претпријатија, а 28 за комерцијализација на иновации. Планирано е да поддржиме 15 старт ап претпријатија, со вкупно 450.000 евра, односно по 30.000 евра од проект. За комерцијализација на иновации се планира да се доделат 10 гранта, до 100.000 евра по проект, или вкупно милион евра“, велат од Фондот за иновации и технолошки развој.

Комитетот за одобрување инвестиции до крајот на јули ќе одлучи кој ќе добие финансии, а на почетокот на септември се очекува да бидат потпишани договорите за кофинансирање и да почне реализицијата на проектите.

Од Фондот појаснуваат дека доколку документацијата не е целосна апликантите имаат рок од пет дена да ги достават потребните документи, по што Комитетот ќе направи претселекција и евалуација. Оние што ќе бидат претселектирани ќе имаат можност да ги презентираат решенијата пред Комитетот и лично да го објаснат тоа што е иновативно, кој е пазарниот потенцијал, каков е тимот, дали има капацитет да го спроведе и да го извезе надвор од Македонија, што е и целта на овие инструменти, да генерираме поголем извоз и поголема конкурентност за бизнисот.

Сите добитници од изминатите години на средства од Фондот за иновации се членови на Сојуз на стопански комори на Македонија.

Прочитано 143 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Мит.Теодосиј Гологанов 1

Следете не