gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Одржана Работилница за Јавните набавки во ЕБОР Проекти

Сојуз на стопански комори на Македонија  во соработка со Агенцијата за цивилно воздухопловство и Европската банка за обнова и развој организираа дводневна работилница за политики и правила за јавни набавки во ЕБОР Проекти.  На работилницата учесниците се запознаат со: предностите на набавките и политиките на ЕБОР за набавки, потоа  промовирање на важноста за клиентите, изведувачите, добавувачите и консултантите во процесот на набавките, како и идентификација на главните прашања за јавните набавки во текот на имплементацијата на проектите.

Европската банка за обнова и развој дава посебен акцент на градење на капацитетите во земјите каде работи. Предавач на дводневната  работилницата е г. Вељко Сикирица, одговорен за сите ЕБОР програми за учење поврзани со набавка на ЕБОР, како и однадвор со клиентите.

Јавните набавки завземаат централно место во целите за поттикнување на ефикасно користење на јавните средства и придонесување за зајакнување на институциите, корпоративното управување и градење на внатрешен капацитет. Институционалните капацитети во областа на набавките за клиенти на Банката комбинирани со мотивирани и добро информирани изведувачи, добавувачи и консултанти е императив за успешна имплементација на проектот и постигнување на целите на Банката и нивната одржливост. Во оваа насока, ЕБОР цели кон градење на капацитетите на своите клиенти за ефективно и транспарентно администрирање на набавките во ЕБОР финансираните проекти.

Оваа работилница е наменета за вработените на Агенцијата за цивилно воздухопловство, компании членови на Сојуз на стопански комори на Македонија и одделот за јавни набавки на ЕБОР и ќе се концентрира на политики и правила за јавни набавки на ЕБОР и финансирани проекти на ЕБОР во јавниот сектор. Понатаму, оваа работилница има за цел да воспостави професионални дијалог во врска со најдобрите практики во јавните набавки, со цел да се обезбеди квалитетна конкуренција на проектите во јавниот сектор.

Работилницата претставува можност за лицата кои работат во областа на набавките да остварат комуникација со ЕБОР како и локални експерти заинтересирани за практицирање на меѓународните финансиски инструменти.

 

Прочитано 304 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Мит.Теодосиј Гологанов 1

Следете не