gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

ССК и ИСИФЕД со стратегија за поизедначена трговска размена

Делегација на стопанственици од Република Турција, оствари бизнис средби со компании членови на Сојуз на стопански комори на Македонија. Во рамки на бизнис форумот извршниот директор на ССК г. Александар Зарков потпиша меморандум за соработка со претседателот на Федерацијата на индустријалци и бизнисмени од Истанбул (ИСИФЕД) г. Муамер Омероглу.  Целта на меморандумот е зајакнување на деловната соработка со компаниите од Република Турција.

ССК продолжува да ја зајакнува соработката со бизнис организациите од Република Турција.  Делегација од 25 бизнисмени од ИСИФЕД,  остварија Б2Б средби со стопанственици од Сојузот на стопански комори на Македонија. Транспорт, градежништво, инженеринг, автомобилска индустрија, туризам, услуги, се секторите кои имаат потенцијал за јакнење на соработката. Нашите заложби се да влијаеме на зголемување на трговската размена со Турција и заеднички ќе работиме на стратегија за поизедначена трговска размена. Веруваме дека бизнис средбите ќе резултираат со извоз на македонските компании на турскиот пазар, но исто така има и иницијативи за заеднички вложувања и инвестиции од турски компании во Македонија и тоа во туризам, прехранбената индустрија како и текстилната индустрија. Ги разгледуваме потенцијалите преку заедничка соработка да настапуваме на пазарот на Европската Унија и Блискиот Исток“, изјави Зарков.

Претседателот на ИСИФЕД, Омероглу истакна дека станува збор за најмоќна секторска федерација во која членуваат дополнителни 8 асоцијации на индустиријалци на успешни бизнисмени. Нивната главна улога е во застапување на интересите на малите и средни компании кои имаат голем придонес во севкупната економијата на Република Турција. 

Во рамки на бизнис форумот од страна на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот беа презентирани можностите за инвестирање во Република Македонија.

Од 2007 година трговската размена меѓу двете земји постојано има нагорен тренд, а Турција е една од земјите со најголем број инвестиции во Македонија. Трговската размена меѓу Македонија и Турција лани изнесувала 379 милиони евра, а пак, во 2015 година 354 милиони евра.

Прочитано 93 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Мит.Теодосиј Гологанов 1

Следете не