gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

ЕВН Македонија го отвори првиот Изложбен центар за електрична енергија во Македонија

Сместен во автентичниот и оригинален простор на старата Хидроцентрала Матка, Изложбениот центар  „Матка“  ја раскажува историјата на електричната енергија во Македонија, како и промените што настанале со електрификацијата. 

Македонија доби Изложбен центар за електрична енергија, прв од ваков вид во земјата и регионот. Сместен во автентичниот и оригинален простор на старата Хидроцентрала Матка, Изложбениот центар  „Матка“  ја раскажува историјата на електричната енергија во Македонија, како и промените што настанале со електрификацијата. Истовремено преку иновативен мултимедијален пристап, експонатите во Изложбениот центар „Матка“ нудат уникатна можност за едукација и интеракција.

Покрај експонатите со историска содржина, во Изложбениот центар „Матка“ поставени се и експонати за различните типови на производство на електрична енергија, приказ на ресурси, а интерактивните плазма панели и плазма топката, како и Ван де Графт Генераторот нудат допир со електицитетот.

„Електричната енергија е вистински феномен и еден од најзначајните пронајдоци на човештвото. Тргнувајќи оттаму, кај нас се роди идеја да создадеме место каде што сегашните, а особено идните поколенија ќе можат да се едуцираат и да ги надополнуваат своите знаења. Токму затоа, како општествено одговорна компанија, Изложбениот центар „Матка“ го ставаме на располагање на сите образовни институции во Македонија без надомест и се надеваме дека содржините што ги има тука ќе бидат дел од образовната програма. Наша цел е Изложбениот центар „Матка“ да биде место кое ќе ги охрабри и поттикне младите да сонуваат за иновации и прогрес“, истакна Штефан Петер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.

На свеченото отворање на Изложбениот центар „Матка“ присуствуваа претствници на Универзитетите во Македонија, средните и основните училишта, како и претставници од Бирото за развој на образованието. Присутните претставници на образовните институции ја потпишаа иницијативата за користење на Изложбениот центар „Матка“ во едукативни цели, во насока на унапредување на образовниот процес.

Сите заинтересирани од денес ќе можат да го посетат Изложбениот центар „Матка“, индивидуално или во групи, а за условите за посета и работното време можат да се добијат повеќе податоци на www.matka.com.mk /Facebook: Матка - Изложбен центар / Matka - Exhibition Center /Instagram: matka.exhibition.center

 

Прочитано 69 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Мит.Теодосиј Гологанов 1

Следете не