gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Повик за пријавување на компании управувани од жени за поддршка до пристап до финансии

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) во соработката со Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), обезбедува поддршка на компании во сопствеништво или управувани од жени со цел - Полесен пристап до финансии за жените во бизнисот.  ИМЕ програмата обезбедува 30% од износот на трошоците во процесот на подготовка на апликацијата за достапните  фондови (бизнис план, инвестициски план или апликација за финансиски инструмент), за некои од следниве програми и услуги кои се достапни за компаниите во Р. Македонија:

  • Понуда од владини институции и Програми за Поддршка
  • Понуда од банки, штедилници и други кредитни институции
  • Бизнис поддршка и услуги обезбедени од граѓанскиот и приватниот сектор

Деталната листа на достапни програми за поддршка и услуги за компаниите можете да погледнете во каталогот во прилог.

Начинот на спроведување на поддршката за компаниите ќе се одвива на следниот начин:

1.Заинтересираните компании треба да поднесат е-маил пријава за изразување интерес на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  најдоцна до 20 мај 2017

2.Во соработка со ИМЕ програмата ќе биде предложен модел на кофинансирање на процесот за аплицирање за одредена програма помеѓу ИМЕ и Вашата компанија;

3.По прифаќање на моделот на кофинансирање, процесот на аплицирање ќе биде започнат.

Во Вашиот е-маил пријава за користење на поддршка во процесот на пристап до финансии е потребно да ни ги доставите следниве податоци:

  • Име на Вашата компанија
  • Име и презиме на сопственикот / менаџер на компанијата (Во согласност со Тековната состојба)
  • Вид на финансиски инструмент за кој сте заинтересирани (од Каталогот)
  • Износ за сума за која аплицирате
  • Цел на финасирањето.

Поради можноста за поддршка на ограничен број на компании во рамки на оваа програма Ве молиме за Ваше навремено пријавување. За дополнителни информации можете да не контактирате на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  или на тел: 02 30 91 440.

За што поголема успешност на при апликација на компаниите во Сојузот на стопански комори на Македонија беше одржана работилница на оваа тема на која присуствуваа голем број заинтересирани компании управувани или во сопствеништво на жени.

 

Прочитано 697 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не