gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola донираа паркиралишта за велосипеди на градот Скопје

Основната цел на проектот е промоција на физичките, спортски и рекреативни активности, но и грижа за животната средина и намалување на сообраќајниот метеж во градот.

Во рамките на глобалната платформа за промоција на активниот живот како основа за создавање здрави животни навики, Пивара Скопје во соработка со компанијата Coca-Cola, донира 5 паркиралишта за велосипеди на Градот Скопје кои ќе бидат поставени на различни локации. Денес беше пуштено во употреба првото паркиралиште за велосипеди, кое е поставено кај фонтаната во Градскиот парк.

Основната цел на проектот е промоција на физичките, спортски и рекреативни активности, но и грижа за животната средина и намалување на сообраќајниот метеж во градот преку поттикнување на велосипедската култура и промоција на велосипедот како алтернативен транспорт.

„Долгогодишна заложба на Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola е збогатување на рекреативните содржини за сите граѓани во заедницата. Затоа, постојано реализираме нови и иновативни проекти кои ја покажуваат грижата кон заедницата во која делуваме. Верувам дека со оваа донација наменета за сите граѓани на Скопје, ние како Пивара Скопје ќе дадеме свој придонес во промоција на рекреативниот и урбаниот велосипедизам како начин на живот, но и во подигање на свеста за велосипедот како енергетски најефикасен градски транспорт со висок потенцијал за намалување на загаденоста на воздухот и заштита на животната средина.“, изјави директорот за односи со јавност и комуникации на Пивара Скопје, Ламбро Патче.

„Во текот на изминативе неколку години Градот Скопје посветено работи и вложува во подобрувањето на велосипедската инфраструктура во Скопје. Потврда за тоа е успешната реализација на капиталниот проект „СКОПЈЕ ВЕЛОГРАД 2017“ со кој во градот ќе се формира ефикасна мрежа на обележени велосипедски патеки коишто ќе бидат поврзани и достапни за користење, односно, ќе се овозможи на сите што користат велосипед без препреки и безбедно да стигнат до саканата дестинација. Досега, ги изградивме велосипедските патеки од Рутата 1, на должина од 7.600 метри и на велосипедистите им овозможивме непречено да се движат од Гази Баба преку центарот на градот до Карпош. При крај е изградбата и реконструкцијата на велосипедските патеки од Рутата 2, на вкупна должина од 11 километри, од општина Аеродром, преку општините Центар и Карпош, до општина Ѓорче Петров. Ќе следува формирањето на велосипедските патеки од Рутата 3 кои ќе ја поврзат Кисела Вода преку центарот на градот со Карпош; патеките од Рутата 4, од Бутел преку Чаир до центарот, како и седумте конектори. Со проектот „СКОПЈЕ ВЕЛОГРАД 2017“ ќе се изградат и реконструираат вкупно 51 километар велосипедски патеки во Скопје.“, изјави градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

„За нас е многу важно да создадеме услови и да ги поттикнеме граѓаните, а особено младите луѓе, во што поголем број да го користат велосипедот како алтернативно транспортно средство, да следат здрави животни навики и да придонесат за почиста животна средина. Во оваа пригода, се заблагодарувам на добрата соработка и на донацијата од 5 паркиралишта за велосипеди на Пивара Скопје и на компанијата Coca-Cola, како општествено одговорни компании кои ја поддржуваат нашата заложба за одржлив транспорт во градот и се вистински пример за грижа кон заедницата“, додаде градоначалникот Коце Трајановски.

Паркиралиштата за велосипеди се во облик на препознатливото шише на Coca-Cola, а на секоја од локациите ќе биде поставен пар од Coca-Cola и Coca-Cola Zero паркиралиште. Од аспект на дизајнот, се работи за иновативно решение кое истовремено ја рефлектира стратешката определба на компанијата во обединување на сите Coca-Cola вкусови во еден единствен бренд.

Проектот е реализиран во соработка со Градот Скопје, а партнер е и здружението #НаТочак кое даде свој значаен придонес во успешна реализација на истиот.

Како дел од истата платформа, Пивара Скопје во изминативе години заедно со компанијата Coca-Cola реализираше низа успешни проекти за поттикнување на активниот начин на живот, меѓу кои Coca-Cola фудбалскиот куп и Coca-Cola активните зони, кои минатата година беа поставени во 5, а во текот на оваа година ќе бидат поставени во уште 5 града ширум земјата.

Линк.

 

Прочитано 486 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не