gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Прва Мобилна Апликација За Осигурување На Македонскиот Пазар

Еуролинк осигурување ја пушти во употреба првата мобилна апликација за осигурување, со која на своите клиенти им овозможува брзо и лесно купување и плаќање полиси, пријавување евентуални штети, информации за услугите и понудите и кога се во движење. На тој начин компанијата, преку својата мобилна апликација „Eurolink Osiguruvanje“, ја олеснува интеракцијата со своите клиенти и ја унапредува достапноста на своите производи и услуги. Апликацијата е достапна бесплатно за сите корисници на Андроид или iOS оперативните системи. Апликацијата е прва од ваков тип на македонскиот пазар, а со неа корисниците ќе можат да  користат голем број услуги од удобноста на својот дом, или, пак, во движење, каде и да се наоѓаат во моментот.

„Иднината и развојот ќе им припаднат на оние кои ќе овозможат најлесно достапни продукти прилагодени на брзиот и динамичен животен стил. Со оваа услуга потврдуваме дека сме насочени кон континуирани иновации со цел задоволување на сите потреби за осигурување на нашите клиенти, воедно штедејќи го нивното време.  Мобилната апликација, со голема едноставност, нуди комплетна услуга за нашите клиенти, со што ќе го подобри нивното корисничко искуство“, изјави Марија Томеска, претседател на Управниот одбор на Еуролинк Осигурување.

Преку апликацијата едноставно и брзо може да се купат полиси за патничко осигурување и станбено осигурување Доми комплет со 10% попуст, корисниците може да пријават штета. Исто така, клиентите може да добијат комплетен увид во своите полиси, во статусот на пријавени штети и лесно и безбедно да извршат плаќање на фактурите и на доспеаните рати, како и да добијат информации за услугите, промоциите и активностите на компанијата. Инаку мобилната апликација „Eurolink Osiguruvanje“ е веќе достапна за симнување од Google Play и App Store без никаков надомест.

Корисниците на Андроид оперативниот систем може да ја преземат апликацијата од овој линк

Корисниците на iOS може да ја преземат апликацијата од овој линк

Прочитано 109 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Мит.Теодосиј Гологанов 1

Следете не