gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Одржана обука за последни измени на Законот за финансиска дисциплина

Во Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), претставници од Управа за јавни приходи одржаа обука за компаниите, во врска со последни измени на Законот за финансиска дисциплина. Учесниците имаа можност преку интерактивна дискусија со обучувачите од Управата за јавни приходи да ги детектираат предизвиците во насока на поуспешна имплементација на Законот за финансиска дисциплина.

Сојуз на стопански комори на Македонија како најголема македонска деловна мрежа која ги застапува бизнис интересите на македонските компании спроведува активности за едукација на компаниите за промената на законската регулатива во Република Македонија како и за учество во идни измени и дополнувања. Во оваа насока, како и врз основа на потребата бизнис секторот активно и континуирано да биде запознаен со сите измени и дополнувања на законските и подзаконските решенија во Република Македонија, во 2017 година континуирано  организираме информативни настани за измени на законски и подзаконски акти од надлежноста на повеќе институции. 

Прочитано 102 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Мит.Теодосиј Гологанов 1

Следете не