gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Над 17.000 основци учествуваа во проектот на Пивара Скопје за безбедни и здрави школски денови

Веќе четврта година по ред, Пивара Скопје, во соработка со општините, го реализира едукативниот проект на теми поврзани со здравјето и безбедноста, наменет за учениците од четврто одделение. Оваа година со едукацијата беа опфатени над 8.000 ученици во 114 основни училишта во 11 општини и градови ширум земјата. Со ова, вкупната бројка на ученици кои во овие четири години има можност да се едуцираат за безбедни и здрави школски денови надмина 17.000, соопштуваат од компанијата.

Проектот се реализира преку интерактивни и сликовити презентации кои се прилагодени на возраста на учениците, преку кои тие, во присуство на своите наставници, добиваат совети за тоа како правилно да го држат телото при седење во училишната клупа и при работа со компјутер, како правилно да го носат школскиот ранец, како да спречат повреди предизвикани од лизгање, препнување и паѓање и за тоа како да постапат при евентуална појава на пожар во училиштето. Традиционално, и оваа година, реализацијата на презентациите официјално започна на 28­ми април – Меѓународниот ден за безбедност и здравје при работа.

Во изминатите пет недели, презентациите ги изведуваа над 70 вработени во Пивара Скопје во што се вложени над 160 часови волонтерска работа. Сите вработени во компанијата редовно се обучуваат во областа на здравјето и безбедноста при работа, со што стекнуваат соодветно знаење кое преку овој проект имаат можност да им го пренесат и на учениците. “Уште од почетокот на овој проект во 2014­та година, наидуваме на исклучително позитивен прием кај учениците кои со голем ентузијазам ги прифатија советите што им ги пренесуваме преку овие презентации. Тоа ни влева дополнителна енергија и мотив да продолжиме со ваквиот вид проекти чија цел е да ја поттикне и развие свеста кај најмладите за значењето на правилата кои обезбедуваат безбедни и здрави школски денови“, изјави Ламбро Патче, менаџер за односи со јавност и комуникации во Пивара Скопје, потсетувајќи дека оваа година компанијата започна и проект за едукација на учениците од прво до петто одделение за начинот и придобивките од рециклирањето и правилниот третман на отпадот.

“На ваков начин, преку спој на едукација и забава, се обидуваме кај најмладите да создадеме здрави навики и вистински однос кон заштитата на животната средина кои според сите искуства најдобро се стекнуваат уште во рана возраст. Среќни сме што имаме ваква можност преку која можеме да го дадеме нашиот придонес кон создавањето здрава генерации и одржлива иднина за сите“, потенцира Патче.

Пивара Скопје континуирано се грижи и вложува во здравјето и безбедноста на своите вработени, но и на потрошувачите и пошироката заедница. За досегашните достигнувања и активностите на ова поле, компанијата е добитник на Националната награда за најдобри практики од областа на безбедноста и здравјето при работа. Пивара Скопје е меѓу првите компании во земјата која го има воведено и е сертифицирана според водечкиот меѓународен стандард за управување со безбедноста и здравјето при работа – OHSAS 18001.

Прочитано 155 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Мит.Теодосиј Гологанов 1

Следете не